MotoGP тимот на Suzuki вели дека размислува за сателитска екипа. Gresini, Petronas, VR46 се само дел од опциите за сезоната 2022.

Suzuki можеби ја освоити тулата без помош од сателитски тим но се повеќе се поставува прашањето кога и тие ќе ја прошират екипата.

„Сите други тимови имаат сателитски екипи и затоа мислам дека и нашето време ќе дојде“, потврди Шиничи Сахара, лидер на Suzuki Ecstar проектот.

Уште од стартот на четири тактната ера во 2002 година, Suzuki се појавува само со фабрички тим на патеката.

Доколку сакате да подржите некој сателитски тим, тоа значи дополнителни финансиски средства но во исто време, тимот добива и повеќе податоци. Од една страна тоа помага на кратки патеки, добро да се подготви екипата за тркачкиот викенд, но исто така е корисно и кога се одлучува за идниот развој и тестирањето на нови делови.

 DSC3683

„Тешко е да се утврди предноста која ја носи сателитскиот тим бидејќи досега имам работено само со два мотоцикли на патеката“ , признава Сахара. „Секако, размислуваме да го воведеме и тоа во иднина но има одредени чекори кои треба да се преземат за да стигнеме до таму.“

„Да бидам искрен, добиваме одлични информации од нашиот искусен тест тим. Придонесот од нашите тест возачи, Силвиан Гинтоли, Такуја Цуда и Наомичи Урамото е одличен и е од витално значење.“

„Ќе биде одлично доколку имаме екстра информации од сателитскиот тим. Тоа ќе ни помогне да ја подобриме конкурентноста во иднина.“

suzuki satelite 3

Кои тимови би можеле да бидат кандидати за сателитски тим на Suzuki?

Жоан Мир ја освои титулата минатата сезона а неговиот тимски колега, Алекс Ринс заврши на третото место. Севкупно гледано, Suzuki со GSX-RR го имаше можеби најдобриот пакет на патеката и сигурно ќе има многу независни тимови кои би биле заинтересирани за соработка.

Се чини дека лидер во тоа засега е Gresini  кои неодамна потврдија дека ќе ја прекинат соработката со Aprilia и од сезоната 2022 повторно ќе бидат независен тим.

Се уште не се знае со каква машина ќе настапат а од тимот потврдија дека за нив ќе вози Фабио ди Џианантонио, кој во моментов е дел од Moto2.

Aprilia ќе има сопствен фабрички тим во сезоната 2022 а иако се уште постои можност Gresini да ја продолжи соработката со Aprilia, Фаусто Гресини неоодамна откри дека неговата екипа работи на голем проект и дека малку по малку ќе ги откриваат деталите. Исто така се чини и дека е малку веројатно, ди Џианантонио да премине во сателитски тим на Aprilia.

Младиот Итајански возач откри дека негова желба е да настапи за Ducati, исто како и неговиот идол, Трој Бејлис. Пред да потпише договор со Gresini, тој преговараше со Suzuki. Но бидејќи Мир и Ринс ќе останат дел од тимот и во сезоната 2023, се појавија информации дека токму Gresini би можел да соработува со производителот на Хамамацу.

Ди Џианантонио исто така беше и дел од Moto2 возачите кои ја одбија понудата на Aprilia да го заменат Андреа Ианоне следната година. Но ако ди Џианантонио очекува настап со сателитскиот RS-GP на Gresini во 2022 година, зошто би ја одбил можноста да вози за фабричкиот тим на Aprilia во 2021 година?

22 годишниот возач досега помина две сезони во Moto2 серијата освојувајќи притоа четири места на подиумот. Колку за споредба, Мир помина само една година во Moto2 пред да премине во Suzuki.

Друга предност од сателитскиот тим е што тимовите, како што е Suzuki, ќе можат таму да ги испратат талентираните возачи и потоа постепено да ги префрлат во фабричката екипа. Сепак Gresini, кој со помош на Сет Жиберно и Honda се бореше за титулата во првите години од MotoGP ерата, не се единствената опција за сателитски тим на Suzuki.

suzuki satelite 4

Тимот на Sepang, кој има поддршка од Petronas, во моментов соработува со Yamaha и минатата година победи на шест трки. Но како што дознава Crash.net, пред да се случи договорот меѓу двете страни, Sepang преговарал и со Suzuki, кој им понудиле целосно фабрички мотоцикли.

Постои ли можност Sepang да ги обнови разговорите со Suzuki за сезоната 2022?

Ова секако е опција. Лин Џарвис неодамна откри дека Валентино Роси има само уште една година од договорот бидејќи Yamaha и Sepang се уште и официјано ја немаат продолжено соработката.

Роси е само еден од возачите кои минатата сезона кажаа многу пофални зборови за Suzuki. За разлика од останатите возачи, Роси ќе продолжи и понатаму да биде присутен во серијата преку неговиот помлад брат, Лука Марини, кој ќе вози за Avintia Ducati, екипа која е поддржана од VR46.  Во 2022 година пак се очекува на патеката да се појави нов проект, VR46 MotoGP. Но чија машина ќе користат тие?

 DSC3297 copy copy copy copy copy

Долго време се познаваат Роси и актуелниот прв човек на Sukuki, Давиде Бривио. Тој беше еден од главните луѓе кои успеаа да го убедат Роси да премине од Honda во Yamaha а му беше и тимски менаџер за време на шампионските денови со М1.

Двајцата го напуштија тимот во 2010 година. Бривио продолжи да соработува со Роси како консултант во VR46 а потоа во 2015 година премина во MotoGP проектот на Suzuki.

„Suzuki работат одлично и мислам дека Бривио заврши одлична работа.  Успеа да ги убеди Јапонците да соработуваат со Европа и направи силен тим“, вели Роси.

Дали врската помеѓу Роси и Бривио би можела да доведе до создавање на VR46 Suzuki во 2022 година?

Со оглед на врската меѓу Роси и Yamaha се чини поголеми се шансите тој и во иднина да остане дел од тимот. Но што ќе се случи тогаш со Petronas?  Во меѓувреме, Monster, кој е главен спонзор на Роси, Yamaha и VR46 потврди дека исто така ќе соработува и со Suzuki.

Сето ова му отвора на Suzuki неколку опции за сателитски тим.

„Сметаме дека треба да имаме повеќе информации од патеката а само два возачи во некои случаи, не е доволно. Особено кога поради временските услови понекогаш сме ограничени на само некоку сесии дневно“, изјави Бривио. „Би сакале да имаме уште еден тим но тоа треба да го одобри менаџментот. “

„Бидејќи станува збор за сезоната 2022, тоа треба да го дознаеме наскоро. Можеби пред март или април бидејќи ако се случи подоцна нема да имаме време да се организираме. Засега се уште се разговара и немаме донесено конечна одлука. “

Back To Top