MotoGP

Дани Педроса и Мика Калио ја продолжија соработката со КТМ

КТМ потврди дека Дани Педроса и Мика Калио и во сезоната 2021 ќе бидат тест и развојни возачи на тимот.

Следете нè на:

 

КТМ потврди дека Дани Педроса и Мика Калио и во сезоната 2021 ќе бидат тест и развојни возачи на тимот.

Дани Педроса и Мика Калио ќе ги задржат позициите како тест и развојни возачи во фабричкиот тим на КТМ и во сезоната 2021. Австриската екипа се надева дека ќе продолжи напредокот кој почна во сезоната 2020.

Калио е дел од MotoGP проектот на КТМ уште од самиот старт и настапи на една трка во 2016 година. Педроса пак се приклучи на екипата во 2019 година а претходно една декада помина како возач на Honda. Многумина тогаш сметаа дека тимот направил вистински потег што успеал да го привлече Педроса.

За Педроса се вели дека директно учествувал во развојот на KTM RC16 од 2020 година и дека благодарение на неговото знаење, машината успеа да постигне три победи и осум места на подиумот а тимот сезоната ја заврши на петото место во генералниот пласман.

„КТМ сака да продолжи да напредува и среќен сум што ќе продолжам да работам со нив. Сакам да им се заблагодарам на Пит Беирер, Стефан Пиерер и на Red Bull за довербата која ја имаат во мене.“

Dani Pedrosa Mika Kalio txt 17 12

Иако Педроса досега неколку пати ја одби можноста да настапи за КТМ на некоја трка од сезоната, Калио, на еден или на друг начин, беше дел од четиринаесет трки за тимот.

„Одлично е што ќе продолжам да бидам дел од овој тим. Долго сум тука и едноставно не ми се верува дека времето помина толку брзо. Голема чест ми е што сум дел од развојот на мотоциклот.“

„Сезоната 2020 беше особено добра. Постигнавме неколку победи и се искачивме на подиумот. Тимот на КТМ го сметам за втора фамилија и навистина сум привилегиран што и во иднина ќе бидам дел од оваа компанија. “

„Мислам дека резултатите кои ги постигнавме минатата година се голема мотивација за сите во екипата. Затоа со нетрпение чекам да почне новата сезона. Мислам дека сега сме подготвени да се бориме за првото место.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Шесткратниот MotoGP шампион Марк Маркез ја заврши евалуацијата после операцијата која му беше направена во декември.

Возачот почина за време на транспортот од Џеда до Франција.

КТМ и формално потврди дека ќе биде дел од MotoGP уште пет години а до крајот на сезоната 2026 на патеката се очекува да има четири RC16 машини.

2021 Sepang MotoGP Shakedown е префрлен во Катар.

2021 Sepang Shakedown и официјалниот MotoGP тест се откажани.

2021 Kawasaki Ninja 400 пристигнува во две верзии, со и без ABS.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.