Aprilia верува дека ја намалила разликата во однос на најдобрите тимови во MotoGP.

Новата 2020 RS-GP машина на Aprilia можеби не ги даде веднаш посакуваните резултати во споредба со претходниот мотоцикл на екипата, но извршниот директор на тимот, Масимо Ривола е убеден дека Aprilia им се доближила на најдобрите екипи од серијата.

Како што вели Ривола, тоа најдобро може да се забележи од настапот на Алеш Еспаргаро во Валенсија. Како и минатата, така и оваа година шпанецот заврши на деветото место со таа разлика што оваа година имаше далеку подобро време.

Сепак, се уште останува разликата од половина секунда по круг а Ривола смета дека работите со тек на време ќе станат само потешки.

„2020-та ја започнавме добро и имаме добри очекувања. Мотоциклот е подобар во споредба со претходната година“, вели Ривола. „Машината е нова и возачите треба да поминат повеќе време со мотоциклот. Имаме напредок од половина секунда во однос на нашите ривали. Овој напредок беше очекуван но сега ни престојат потешките работи.“

„На трката во Валенсија завршивме на деветото место а разликата од најдобриот возач беше 15 секунди. Минатата година исто така завршивме на деветата позиција но разликата со првото место изнесуваше 33 секунди. Тоа е добар напредок.“

„Натпреварувањето сега е многу подобро. Блиску сме до најдобрите возачи и тоа ни ја зголемува мотивацијата. Сега треба да го направиме последниот чекор.“

 DSC3170 copy

Забрзувањето е сегментот каде треба да се направат одредени подобрувања. Минатогодишната сезона на Aprilia беше одбележана и од допинг случајот на Андреа Ианоне. Во ноември беше потврдена четири годишната казна за Италијанецот а Aprilia сезоната ја помина со тест возачите, најпрво Бредли Смит а потоа и Лоренцо Савадори.

Откако Moto2 возачите Марко Безеки, Фабио ди Џианантонио и Џо Робертс ја одбија можноста да преминат во тимот, Смит или Савадори ќе имаат шанса да настапат за екипата во 2021 година.

„Стабилноста секако дека е важна. Бредли заврши одлична работа минатата сезона. Првичната идеја беше тој да биде тест возач но со тек на време почна да му се приближува на Алеш“, изјави Ривола. „Исто така му дадовме шанса и на Лоренцо Савадори и се надевам дека тоа искуство ќе му помогне следната сезона да биде подобар тест возач.“

Од тимот открија дека по завршување на претсезонските тестови ќе соопштат кој ќе биде нов возач на тимот.

Со оглед на тоа дека Aprilia е единствениот тим кој не освои место на подиумот ниту пак имаше победа минатата година, за нив ќе продолжи да важи техничката концесија и ќе можат да работат на развој на моторот и во текот на сезоната.

Back To Top