Марк Маркез возеше мотоцикл за прв пат по операцијата на рамото која ја имаше пред два месеци во обид да дознае дали ќе биде подготвен за првиот МотоГП тест во Сепанг.
Актуелниот Светски шампион се опоравува од операцијата на рамото која ја имаше на 27-ми ноември. Операцијата беше неизбежна за него по повредите со кои се здоби во текот на сезоната, иако се работеше за рутинска операција времето за заздравување се пролонгираше заради проблемите со нервите на рамото.

Маркез претходно изјави дека нема да биде подготвен за првиот тест кој ќе се одржи од 7-ми до 9-ти февруари на патеката Сепанг, но тој беше забележан како вози мотор на патеката BEON 450 (картинг патека јужно од Барселона која возачите ја користат заради физичките побарувања и возачкиот стил кој го бара патеката, а е налик на она што го имаат во МотоГП).
„По два месеци без мотор вчера се обидов да возам и да видам до каде сум со повредата. Чувството не е најдобро но среќен сум бидејќи правиме важни чекори“ - напиша Маркез на својот Инстаграм профил.
Според последните најави тој ќе учествува на пред сезонскиот тест во Малезија.
„Мислам дека ќе биде како минатата година, нема да можам да ги извозам сите кругови кои ќе сакам да ги извозам, но ќе ми помогне да работам на рамото.“ - изјави Маркез минатата недела.
„Минатата година Лоренцо беше повреден па јас бев тој кој работеше на развојот на моторот. Сега сме повторно во иста ситуација бидејќи Алекс е мојот нов клупски колега, тој е почетник и не може да бара нешто од моторот, тој треба да го разбере моторот и исто како Лоренцо, да дознае каква е Хондата.

Коментари