MotoGP

Силверстоун: Зарко сака и во иднина да биде дел од MotoGP

„Ќе си заминам како човек кој е гладен да се врати“ - Јохан Зарко

Следете нè на:

 

„Ќе си заминам како човек кој е гладен да се врати“ - Јохан Зарко

Јохан Зарко е убеден дека неговата MotoGP кариера нема да заврши по трката во Валенсија која ќе се одржи во ноември. Французинот ги изненади сите откако реши да го раскине договорот со КТМ после само една сезона. Со таквата одлука, тој остана без место на патеката во сезоната 2020.

Единствено место кое се уште не е потврдено е она на Такааки Накагами во LCR, но според информациите, продолжувањето на договорот е само формалност и ќе се случи во следните неколку дена.

Зарко пак е категоричен дека ниту еден тим не ми влијаел врз донесувањето на одлуката.

„Беше многу важно да оставам да поминат неколку денови. Исто така сакав на сите поважни луѓе кои се дел од трките да им ја објаснам мојата одлука,“ изјави Зарко.

Французинот вели дека главна цел во моментов му е да најде место во некој тим преку кое ќе биде поблиску до трките и кое ќе му овозможи веднаш да се врати на натпреварувањето.

 DSC2893 copy

„Една од најдобрите опции е да бидам тест возач. На тој начин ќе можам да го одржам контактот со MotoGP мотоциклот, ќе имам шанса да извозам многу кругови и да го подготвам телото и умот за следните предизвици.“

„Ќе видиме сега која врата ќе се отвори. Но ако станам тест возач, тоа не значи дека ќе се пензионирам туку дека сум возач кој е гладен што е можно побрзо да се врати на трките.“

„Единственото прашање кое се поставува е ако не возите 20 трки во текот на сезоната, дали ќе загубите дел од вашата брзина?“

Зарко вели дека е подготвен и за настап во Moto2 серијата каде што беше шампшион во сезоните 2015 и 2016. Но сепак тоа беше еден поинаков период кога возачите настапуваа со 600cc Honda за разлика од денеска каде што ги имаме 765cc моторите на Triumph како и Magneti Marelli ECU.

„Мислам дека тоа не е лоша опција особено ако сум дел од некој добар тим. Така ќе имам можност да се борам за титулата и да ги одржам врвните перформанси.“

Зарко сепак не е воодушевен од идејата за премин во Супербајк серијата.

„Тоа би можело да биде една од опциите но мислам дека најдобро би било да сум поблиску до MotoGP, па дури тоа да значи и премин во Moto2.“

Најдобра можност за Зарко да стане дел од некој тест тим е Yamaha со оглед на шесте места на подиумот и четирите пол позиции кои ги постигна во минатото со М1. Сепак, преминот во тимот ќе зависи и од тоа дали Европскиот тест возач, Јохан Фолгер, ќе остане на истата позиција или пак ќе стане дел од Moto2.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Кон крајот на годината Ducati ќе пушти во продажба целосно нова верзија на Multistrada.

Марк Маркез успеа во последниот круг да го победи Фабио Куартараро на трката која се возеше во Мисано и ја зголеми предноста на табелата на 93 поени.

Марк Маркез вели дека и покрај фрустрациите кои ги имаше на последните две трки, не се потребни драстични промени со оглед на тоа дека има удобна предност во генералниот пласман.

Андреа Довициозо вели дека сеќавањата му се вратиле набрзо по тешкиот пад на Британската Гран При трка но дека сепак морале да му кажат што го предизвика инцидентот.

Викендов се вози 13-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Победникот на трката во Силверстоун, Алекс Ринс, вели дека е мотивиран и подготвен за борба за првата позиција на трката која се вози овој викенд.  Откако се опорави од повредата на патеката се враќа Јоан Мир.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.