MotoGP

Распоред за следење на МотоГП Силверстоун

Викендов се вози 12-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Силверстоун во Англија.

Следете нè на:

 

Викендов се вози 12-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Силверстоун во Англија.

Патеката Силверстоун во Англија викендов е домаќин на 12-та трка од МотоГП шампионатот. Со повеќе од 60 години испишана историја, легендарната патека е дел од престижниот мото спорт.

silvМинатогодишната трка беше откажана заради поројниот дожд

Откако доби финансиска инекција од неколку милиони фунти, во 2010 патеката беше целосно обновена и надградена, со што стана една од најбрзите патеки во шампионатот, а возачите го обожуваат новиот распоред. Сепак проблемите со дренажата доведоа до тоа минатата година трката да биде откажана, па повторно беше целосно обновен асвалтот на патеката.

Патеката е со должина од 5.9км, составена е од 18 свиоци од кои 8 се леви, а 10 десни. Најдолгиот правец изнесува 770 метри, а најголемата забележана брзина е 332,4км/ч. Рекордот на патеката е во сопственост на Дани Педроса, изнесува 2'01.941 и е поставен во 2013 година.

Возбудувањата викендов ќе се одвиваат според следниот распоред, со директен пренос на Спорт Клуб каналите:

Петок (23.08.2019) | SportKlub 1
10:00 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1 
10:55 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – ТРЕНИНГ 1
11:55 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1
14:10 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2
15:05 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2
16:05 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2
Сабота (24.08.2019) | SportKlub 2
10:00 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3 
10:55 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – ТРЕНИНГ 3
11:55 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3
13:35 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ
14:30 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – ТРЕНИНГ 4
15:10 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – КВАЛИФИКАЦИИ
16:05 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ
Недела (25.08.2019) | SportKlub 2
10:00 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – WARM UP
10:30 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – WARM UP
11:00 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – WARM UP
12:20 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 3 – ТРКА
14:00 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO GP – ТРКА
15:30 MOTO GP SILVERSTONE: MOTO 2 – ТРКА

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Кон крајот на годината Ducati ќе пушти во продажба целосно нова верзија на Multistrada.

Марк Маркез успеа во последниот круг да го победи Фабио Куартараро на трката која се возеше во Мисано и ја зголеми предноста на табелата на 93 поени.

Марк Маркез вели дека и покрај фрустрациите кои ги имаше на последните две трки, не се потребни драстични промени со оглед на тоа дека има удобна предност во генералниот пласман.

Андреа Довициозо вели дека сеќавањата му се вратиле набрзо по тешкиот пад на Британската Гран При трка но дека сепак морале да му кажат што го предизвика инцидентот.

Викендов се вози 13-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Победникот на трката во Силверстоун, Алекс Ринс, вели дека е мотивиран и подготвен за борба за првата позиција на трката која се вози овој викенд.  Откако се опорави од повредата на патеката се враќа Јоан Мир.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.