thumb_Bradl20Action20Valenica20Test2001ФИМ и Дорна одлучија да му оддадат почит на Лорис Капироси со тоа што ќе го повлечат неговиот број од МотоГП. Втеранот во МотоГП кој ја заврши кариерата минатата година возеше со бројот 65, па младиот Штефан Брадл..

Bradl20Action20Valenica20Test2001

ФИМ и Дорна одлучија да му оддадат почит на Лорис Капироси со тоа што ќе го повлечат неговиот број од МотоГП. Втеранот во МотоГП кој ја заврши кариерата минатата година возеше со бројот 65, па младиот Штефан Брадл кој со истиот број ја освои титулата во Мото2 класата оваа сезона ќе настапи со нов број.

Брадл всушност го носеше бројот на својот спонзор (6,5%) па веројатно и не му беше тешко да се одлучи за нова бројка. На својот фејсбук профил тој објави „Почитувани фанови, сега е официјално, мојот нов тркачи број е 6. Сигурен сум дека тоа е среќен број :-) Се гледаме наскоро!“

Брадл потпиша две годишен договор со Honda LCR тимот, на местото од Тони Елиас. На првото вон сезонско тестирање тој веќе го проба RC212V, а за новата Honda RC213V ќе треба да почека до 31 јануари кога на Сепанг се одржува второто тестирање.

Back To Top