lorenzo-vozacka2Верувале или не, МотоГП шампионот Хорхе Лоренцо сеуште нема возачка дозвола за управување на мотор! Тој освои две титули во класите до 250цц и една во најсилната МотоГП класа, но не смее да управува мотор по јавен пат бидејќи нема дозвола.

lorenzo-vozacka_copyВерувале или не, МотоГП шампионот Хорхе Лоренцо сеуште нема возачка дозвола за управување на мотор! Тој освои две титули во класите до 250цц и една во најсилната МотоГП класа, но не смее да управува мотор по јавен пат бидејќи нема дозвола.

Пред да замине за Индија каде ќе има промотивна тура со Јамаха, тој се одлучи конечно да го тргне од дневниот ред ова прашање и да полага за мотор. „Ќе ви звучи како шега, меѓутоа само што ги положив тестовите за возачка дозвола за мотор“ - напиша тој на својот Фејсбук профил. Имајќи го во предвид талентот кој го поседува Шпанецот, сигурни сме дека нема да има проблеми со практичниот дел од тестот, посебно ако на тестот се бара влечење на колено во кривина ;)

Back To Top