MotoGP

Се или ништо: MotoGP заминува во Бурирам

Не се заборава лесно првата MotoGP трка во Бурирам.

Следете нè на:

 

Не се заборава лесно првата MotoGP трка во Бурирам.

А за да се збогати историјата на оваа патека, оваа година Марк Маркез ќе може тука да ја освои осмата титула во кариерата. Какви се шансите тоа да се случи? Прилично високи. Актуелниот шампион победи на оваа патека минатата сезона, а во моментов има предност од 98 поени пред најблискиот ривал. До крајот на сезоната остануваат уште четири трки. За Маркез ќе биде доволно да освои само два поени повеќе од  Довициозо за да ја осигура титулата.

motogp buriram txt 1 01 10

Сепак, да се победи на една трка или пак да се освои шампионатот, не е само игра на бројки. Воопшто не е лесно да се победи Довициозо а Маркез тоа го знае најдобро. Во 2018 година Шпанецот во последниот свиок успеа да го победи Довициозо. За дојде до уште една победа, Маркез ќе мора да даде се од себе.

Минатата сезона на оваа патека добри беа и мотоциклите на Yamaha а Валентино Роси и Маверик Вињалес сигурно ќе се обидат повторно да се искачат на подиумот. Добар резултат му е потребен и на тимскиот колега на Довициозо, Данило Петручи. После неуспехот на последните неколку трки, возачот на Ducati сигурно ќе сака да се врати во посакуваната форма.

Зошто му е потребно тоа? Поради борбата за третото место со возачот на Suzuki Ecstar,Алекс Ринс. После победата на патеката во Силверстоун, Шпанецот имаше неколку неуспешни настапи и тој е уште еден возач на кој му се потребни поени.

motogp buriram txt 2 01 10

Џек Милер исто така на патеката во Бурирам ќе сака да го искористи потенцијалот на Ducati.  Три пати по ред не му дозволува на Вињалес да се искачи на подиумот а два пати успева да заврши пред Куартараро.

Импресивниот французин е главен фаворит за титулата дебитант на годината. Но тој исто така се бори и за наградата за најдобар независен возач а главен конкурент тука му е Џек Милер.Во моментов, тој има само шест поени предност во однос на Австралијанецот.

motogp buriram txt 3 01 10

Во меѓувреме, Пол Еспаргаро и КТМ се надеваат дека ќе постигнат добар резултат на оваа трка и дека ќе ја зголемат предноста пред тимот на Aprilia во шампионатот на конструкторите. Фабриката од Ноале е блиску а ќе биде интересно и да се види каков настап ќе има Мика Калио, возачот кој го замени Јоан Зарко во КТМ.

Бидете со нас во недела, 6-ти октомври. Трката започнува во 14 часот по локално време односно 9 часот наутро по македонско време.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

На 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

Со денешната одлука на Дорна се откажани трките во Германија (Захсенринг), Холандија (Асен) и Финска (КимиРинг).

90-та трка која требаше да се вози на патеката Асен на 28-ми јуни официјално е одложена.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.