MotoGP

Платата на Марк Маркез која постојано расте: Добар проблем за еден тим?

Марк Маркез е најплатениот возач во MotoGP и се верува дека неговата плата изнесува 15 милиони евра годишно.

Следете нè на:

 

Марк Маркез е најплатениот возач во MotoGP и се верува дека неговата плата изнесува 15 милиони евра годишно.

Марк Маркез е најплатениот возач во MotoGP и се верува дека неговата плата изнесува 15 милиони евра годишно. Иако овие бројки многупати се погрешни, сепак има одредени индиции дека во овој случај не е така.

Постојат шпекулации дека HRC на возачите има дава покачување од 2 милиони во случај да ја освојат титулата а петте титули на Маркез прават тој да заработува чисти 10 милиони. А на овие пари треба да се додаде и платата која првично била договорена меѓу возачот и тимот.

Но за HRC тој вреди за овие пари. Без него нивниот кабинет со трофеи ќе беше многу посиромашен. Во петте сезони во кои Маркез ја освојува титулата, вториот возач на тимот завршува на третото, два пати четвртото место и по еднаш на шестата и седмата позиција.

За фабрика која се смета дека е на врвот на мотоциклизмот, не е опција сезона без освоен трофеј. Екипата се уште не може да го заборави неуспехот кој го имаше во периодот помеѓу 2006 и 2011 година.

Marquez txt 1 27 09

HRC знае дека мора да го задржи Маркез. И не само тоа туку и да спречи секаков обид на конкуренцијата да почне преговори со него.

Ducati веќе два пати се обиде да го донесе во тимот а можеби сега Италијанската компанија е подготвена да вложи огромни средства во обид да го привлече кај нив.

Тука е и КТМ. Маркез е дел од Red Bull уште од 2009 година кога со тимот на КТМ се натпреваруваше во класата од 125cc. Очигледно е дека KTM RC16 напредува а филозофијата на тимот е многу слична со онаа на Honda.

Тие веќе вложија многу пари во својот MotoGP проект и сигурен сум дека нема да жалат пари доколку мислат дека имаат шанса да потпишат договор со Маркез. Тука е и тест возачот Дани Педроса кој добро ги познава можностите на Маркез.

А за да го задржи, Honda ќе мора да му даде на Маркез се што ќе посака. Тој веќе контролира голем дел од проектот. Неодамна тој изјави: „Чекор по чекор, првите луѓе на Honda веќе почнаа да разбираат дека е добро да се направи промена после неколку години. Но неколку луѓе од тимот кој победува мора да се задржат“.

„Тие имаат свој начин на размислување но сепак ме слушаат. Затоа велам дека сум среќен тука бидејќи чувствувам дека сум важен дел од Honda. Тие секогаш ме слушаат  и барем го земаат моето мислење во предвид.“

Marquez txt 2 27 09

Влијанието на Маркез во Honda не може да се оспори. Зборувајте со било кој од екипата и ќе ви го потврди тоа.„Марк има голема моќ во Honda “, изјави еден вработен во тимот неодамна.

Тоа влијание најмногу ќе се почуствува за три недели кога Маркез ќе пристигне на патеката во Мотеги, кога веќе или ќе биде шампион или пак ќе му фалат уште неколку бодови да ја освои титулата.

Титулата, која за него и за Honda ќе биде шеста во седум години ќе му биде одлична почетна точка во разговорите за нов договор.

Колку пари би побарал Маркез и колку е Honda подготвена да плати? Доколку додадете 2 милиони тогаш неговата плата ќе се искачи на 17 милиони евра годишно.Дали ќе побара повеќе? Можеби 20 или 25 милиони? Доколу вие управувате со тимот дали ќе го прифатите тоа?

Секако дека би прифатиле со оглед на досегашниот успех. Но тоа пак преставува дополнителен проблем. Голем дел од буџетот на Honda ќе оди кај него.

Иако нема официјални информации, се верува дека Honda троши помеѓу 70 и 80 милиони евра годишна на нивниот MotoGP проект. Новата плата на Маркез би можела да изнесува речиси четвртина од таа сума. Доколку добие поголемо покачување, би можело да биде дури и третина.

Marquez txt 3 27 09

Не треба да сте сметководител за да ви стане јасно дека тоа е проблем. Колку повеќе пари Honda троши на Маркез, толку помалку пари остануваат за другите сектори. Зголемувањето на платата за еден милион значи кратење од средствата наменети за аеродинамиката. Покачување од два милиони ќе значи кратење на средствата наменети за развојот на шасијата.

Дали тоа значи дека Маркез треба да ги намали побарувањата? Доколку го следиме пазарот, тогаш неговите вештини се речиси бесценети. Може да побара колку сака пари и некој сигурно ќе го прифати тоа. Но доколку го направи тоа ќе погреши. Само да и каже на Honda дека сака 25 милиони, тие сигурно ќе прифатат.

Но доколку HRC не успее да извлече поголем буџет, ќе бидат приморани да скратат некаде. Помалку пари наменети за развој ќе значи и помал прогрес на Honda RC213V.

Маркез ќе стигне до убелива титула оваа сезона но ако Ducati GP20 направи еден чекор напред и Yamaha најде начин како да ја зголеми моќноста, тогаш на Маркез ќе му биде исклучително тешко да стигне до нова титула во 2020 година. А ситуацијата ќе биде уште потешка во 2021 година.

Марк Маркез очигледно е феномен и ќе продолжи и во иднина да победува. Во моментов тој е најсигурната опција за Honda но тој не е ефтин. Ова можебии звучи како добар проблем за еден тим, но тоа сепак е проблем.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.