Долго време со очекуваше ова и конечно во понеделникот стана реалност: Валентино Роси ја напушти Honda и премина во Yamaha.

Долго време со очекуваше ова и конечно во понеделникот стана реалност: Валентино Роси ја напушти Honda и премина во Yamaha. За тимот ќе настапува во сезоните 2004 и 2005.

Откако потпиша за Honda во сезоната 2000, Роси освои три титули по ред и постигна 33 победи на само 63 трки.

За него ќе беше многу лесно ако останеше во Honda и во иднина. Сигурно ќе освоеше нова титула. Сепак, возачот со број 46 призна дека му е потребен нов предизвик во кариерата и дека заради тоа потпиша со Yamaha.

Yamaha постигна само две MotoGP победи од 2002 година а оваа сезона најдобар пласман им е третото место кое го постигна Алекс Барос на трката во Ле Ман. Јапонскиот производител нема освоено титула уште од 1992 година кога за нив настапуваше Вејн Рејни.

Веднаш после оваа информација, го побаравме вашето мислење на неколку теми: Дали Роси само што ја донесе најдобрата или пак најлошата одлука во својата кариера? На што може да се надева во сезоната 2004? Кој сега ќе биде главен возач на Honda? Кои возачи ќе се борат за титулата?

И повторно, вашите одговори беа навистина интересни а мораме да признаеме и глобални. Одговори ни пристигнаа од Австралија, САД, Канада, Малезија, Хонда, Јапонија.

Останете со нас и прочитајте ги најинтересните одговори.

 DSC3297 copy copy

Што мислите за одлуката на Роси?

„Тој донесе одлука за која сигурно верува дека е најдобра за него. Потребен му е нов предизвик. Минатите сезони имаше лош старт па предизвик му беше да се подобри. Но оваа сезона може да очекува нов предизвик, а тоа е да работи на развојот на М1 и да им докаже на сите дека може да победи со Yamaha.“

„Тој има неверојатен талент и посветеност. Може да очекувате да се бори за титулата. Сметам дека Хејдн ќе стане главен возач на Honda. Тој има само 22 години и веќе добро го познава мотоциклот. “

„Според мене, Валентино ќе продолжи да доминира во MotoGP се додека е дел од серијата. Нема никаква разлика дали вози за Honda, Yamaha или Ducati.“

Давид – Ванкувер, Канада.

„Роси воопшто не мисли на Колин Едвардс а опасно се приближува и Ники Хејдн. Мислам дека Американските возачи кои се дел од Honda ќе му извршат сериозен притисок на Роси. Многумина сметаат дека Колин е на исто рамниште со Роси.“

„Мислам дека шампионатот ќе биде многу поинтересен. Барем Роси, за разлика од Дохан, имаше храброст да премине во друг производител.“

Даниел МекМари – Атланта, САД

 DSC4072

„Дали Роси ја донесе најдобрата или најлошата одлука во кариерата? Зависи од тоа дали ќе има некаква повреда. Ќе мора да го промени размислувањето, дека повеќе нема да може да победува на секоја трка. Сепак, ќе мора и да се надева дека Yamaha нема да се ослонува само на неговиот талент туку и дека ќе обезбеди добар мотоцикл.“

„Што мислиш дека ќе направи Роси во сезоната 2004?“ Места на подиумот и неколку победи. Ќе заврши на второто место на табелата.

„Кој ќе стане прв возач на Honda?“ Ќе биде изедначена борбата меѓу Жиберно и Хејден. Многу работи ќе зависат од политиката внатре во тимот.

„Кои возачи ќе се борат за титулата?“ Сет, Макс, Лорис и Валентино. Следната година ќе има неколку возачи кои ќе победат барем на неколку трки. Се надевам дека на подиумот ќе се најдат и Гери Мекој и Џереми МекВилијамс.

Фил Гарднер

„Ако Yamaha успее во развојот на мотоциклот и останат фокусирани, не гледам ниту една причина зошто Роси не би можел да се бори за победа на неколку трки. Но со оглед на нивото на кое е Honda во моментов, можеби титулата ќе биде тешко да се освои. Тој е талентиран но доколку има слаб мотоцикл ќе му биде многу тешко. “

Џон Спунмор

„Нема никакво сомневање дека тој е талентиран возач, но не верувам дека со Yamaha YZR-M1 ќе победи на некоја трка. Верувам дека во обидот да се носи со Honda и Ducati, неколку пати сигурно ќе излета надвор од патеката.“

„Минатата година Алекс Барос излета дури 14 пати. Иако Роси е многу подобар од него, не заборавајте дека и тој падна неколку пати додека настапуваше со NSR500. “
„Ако Роси сака да биде компетитивен, неговиот мотоцикл треба да биде опремен со пневматици на Bridgestone или пак Dunlop.“

 DSC4004 copy
Каи Пин – Куала Лумпур, Малезија

„Во однос на преминот на Валентино Роси во Yamaha, мислам дека тоа е фантастично!!!“

„Долго време ги следам Гран При трките и можев да прошетам во неколку од гаражите. Но она што се случува во MotoGP во последните неколу сезони е навистина неверојатно. Ги надмина сите други мотоспортови. Се сеќавам дека пред 7-8 години, тимовите имаа многу проблеми да најдат талентирани возачи.“

„Но сега имаме многу квалитетни возачи. Многумина од нив се поранешни шампиони , без разлика дали тоа е во 500/MotoGP или WSB. Мислам дека оваа сезона ќе биде една од поинтересните. “

„Преминот на Роси во Yamaha е навистина храбар потег. Посебно кога ја напушташ моќната Honda. Дали ќе можеше да го задржи статусот на најдобар возач во светот доколку не го променеше тимот? Ако останеше во Honda, многумина ќе велеа дека мотоциклот е главната причина за титулата. “
„Мислам дека ова е одлично за развојот на спортот. Спонзорите сега повторно ќе имаат причина да инвестираат а возачите да се борат за титулата.“

Том Сем – Саутемптон, Велика Британија

„Дали Роси ја донесе најдобрата или најлошата одлука во кариерата? Тешко е да се каже дали е исправна одлуката да премине во Yamaha. Тој веќе нема што да докажува во MotoGP. На ако ја освои титулата и со Yamaha тогаш ќе стане еден од најдобрите возачи во историјата. Во случај да загуби пак ќе може да го обвини М1. “

„Што мислите дека реално може да постигне во 2004 година? Сигурно ќе биде еден до возачите кои ќе се борат за титула. Тој е најдобриот возач во светот но мотоциклот не е баш најдобар. Но Yamaha вложи многу за повторно да се најде меѓу најдобрите тимови и сигурно се обиделе да го направат М1 компетитивен.“

 DSC3828 copy copy

„Кој ќе биде главен возач на Honda? Мислам дека тоа ќе биде Сет Жиберно. Веќе го познава RC211V и успеа да го победи Валентино Роси неколку пати. Веројатно тимот ќе му го обезбеди најдобриот мтоцикл. Биаџи ќе биде еден од фаворитите но тешко е да се процени дали ќе може да дојде до титулата.“

„Неки Хејдн докажа дека припаѓа во фабричкиот тим на Honda но сметам дека не е на исто ниво со Жиберно и Биаџи. Опција кај Honda е и Колин Едвардс. Тој навистина сака да дојде до победа. Сите кои ја следеа сезоната 2002 од WSB шампионатот знаат на што мислам. Прашање е само колку време ќе му треба да се прилагоди на RC211V.“

Кои возачи ќе победат на трките или ќе бидат дел од борбата за титула?

Валентино Роси

Сет Жиберно

Лорис Капироси

Колин Едвардс

Макс Биаџи

Ники Хејдн

Мајкл Волт – САД

„Одлично е тоа што Роси премина во Yamaha. Ќе ја освои титулата со новиот V4 M1. Заслужува поголема почит од Дохан бидејќи Мик го користеше тимот само за своја корист. Тој никогаш сериозно не размислуваше да премине во Yamaha. Дохан постојано се жалеше на патеките во Европа.“

„Долго време ги следам трките од MotoGP и за мене Вејн Рејни се уште е најдобриот возач. Роси ќе биде подобар од Дохан и ќе освои повеќе поени.“

 DSC3753 copy copy

Х. Изерман – Асен, Холандија
„Роси направи одличен потег. Ќе ја освои титулата и ќе покаже дека е најдобриот возач во историјата. Неколку тимови сигурно ќе стигнат до победи на одредени трки. На еден начин тие ќе си крадат поени меѓу себе. На крајот ќе одлучи најконзистентниот возач а мислам дека тоа ќе биде Роси.“

Кит Вилсон

„Ова е одлично за сите MotoGP фанови и мислам дека сезоната 2004 ќе биде фантастична. Со малку среќа, Жиберно, Хејдн и Биаџи ќе имаат ист мотоцикл во обид да дојдат до титулата кај производителите. Хоџсон и Капироси исто така ќе имаат и подобар Ducati мотоцикл.“

„Kawasaki има нова машина. Очекувам Proton да ги надмине проблемите со кои се соочува. Од друга страна, Suzuki ќе мора да се подобри доколку сака да остане во игра.“

Клајв Роуз – Велика Британија

„Преминот на Валентино во Yamaha покажува дека на шампионатот му е потребна промена. Но исто така и дека парите не се главен фактор. Роси веќе нема што да докажува во Honda. Му треба предизвик и да покаже дека сам ги освои титулите. “

„Тој ризикува многу со цел да стане дел од групата на легендарни возачи. Му се восхитувам на храброста и му посакувам се најдобро.“

„Следната година? Ники Хејден ќе стане еден од главните возачи. Лорис секако дека ќе биде тука а исто така и Трој Бејлис, Колин Едвардс. Сите би требало да победат на неколку трки но Капироси ќе биде шампион.“

„Ова ќе биде одлична година!“

 DSC3672 copy

Дејв Монро – Канада

„Без никакво сомневање, потегот на Роси е најдоброто нешто што му се случило на овој спорт во последните неколку години. Добро е кога возачот покрај парите размислува и за предизвикот.“

„Му се восхитувам на неговата самодоверба. Не е лесно да се донесе ваква одлука. Не се сомневам дека од М1 ќе направи победничка машина. Главно прашање е само дали ќе успее уште во првата сезона да ја освои титулата.“

Џим Џуд - Англија

„Иако не се сомневам во неговиот талент, сепак не сум голем фан на Роси. Имам забележано дека кога другите возачи имаат компетитивна машина, тие му се спротиставуваат.“

„Сепак главното останува, а тоа е дека Роси е возачот кој ќе треба да го победат. Мораме да признаеме дека овој потег на Yamaha е неверојатен. На патеката во Мотеги, тимот покажа неверојатно подобрување. Чека исто така беше конзистентен. “

„Лорис Капироси – ова е твоја најдобра шанса за титула. Последна шанса и за Биаџи. Дали Жиберно ќе се спротистави?“

Нголи – Корал Спрингс, Флорида, САД

„Навистина сум среќен поради одлуката на Валентино да ја напушти Honda и да го прифати предизвикот на Yamaha. Уште посреќен би бил доколку преминеше во Ducati, но можеби и тоа ќе се случи во иднина. Времето е на негова страна. По завршувањето на договорот ќе има 26 години.“

„Исто така важно е и тоа што одлучи да го прифати предизвикот. За тоа е потребна голема храброст но и доверба во своите можности. Но исто така треба да се пофали и Yamaha која вложи многу финансиски средства.“

„Ова ќе го промени целиот шампионат. Најдобриот возач повеќе нема да вози со најдобриот мотоцикл. Тој ќе мора да вложи многу за да може да се носи со Honda но овој потег исто така ќе ги подобри и неговите квалитети. Без сомнение, Валентино во целост ги заслужува парите кои ги добива од Yamaha. “

„Искрено, мислам дека следната сезона Жиберно, Биаџи и Едвардс ќе имаат уникатна шанса да се борат за титулата. За Биаџи ова мислам дека ќе биде последна шанса да дојде до титулата. Според мене, Жиберно ќе биде подобар возач и сигурно е еден од фаворитите за титулата. Но и Едвардс е тука и може да ги расипе плановите на останатите.“

„И Ducati сигурно ќе очекува Капироси и Бејлис да се борат за победа на секоја трка. Мислам дека ова ќе биде една неверојатна сезона. “А каков ќе биде конечниот редослед на возачите?

„Мислам дека табелата ќе биде по следниот редослед:“

1.Сет Жиберно

2.Лорис Капироси

3.Валентино Роси

4.Колин Едвардс

5.Макс Биаџи

6.Трој Бејлис

„Во 2005 година очекувам Валентино повторно да ја освои титулата. Но титулата кај конструкторите ќе отиде кај Ducati. Во 2006 година очекувам Вале да премине во Ducati и да стане првиот Италијански возач кој ќе ја освои титулата со Италијански тим по Џакомо Агостини. Со тоа ќе стане првиот возач кој освоил титули со три различни производители.“

„Искрено верувам дека се уште не сме го виделе најдоброто од Роси...“

 DSC3566 copy copy copy

Греем Стјуарт

„Мислам дека преминот на Роси во Yamaha е одличен потег за неговата кариера. Воопшто немаше да биде интересно ако потпишеше долгогодишен договор со Honda. Ќе го видиме истиот резултат како и во изминативе две години. Немаше да има ривали и кој да му се спротистави. Квалитетот на Шампионатот ќе опаднеше.“

„Но сега откако Роси потпиша договор со тим кој е послаб од Honda, се отвораат многу можности. Сега има неколку возачи кои ќе се борат за титулата. Ако Роси останеше во Honda, тогаш останатите возачи ќе се бореа само за второто место.“

„Сега ќе имаме еден сосема нов шампионат бидејќи Роси, Жиберно, Капироси, Хејдн, Едвардс и Бејли ќе се борат за титулата. Разликата меѓу возачите ќе стане помала.“

„Иако не сум Американец, верувам дека Сет Жиберно повторно ќе се најде на врвот. Тој ќе биде главниот возач на Honda. Ги познава патеките и знае како да се бори за првото место. Добар е и под притисок. Од голема корист ќе биде и тоа што неколку трки се возат во Шпанија.“

„Очекувам дека и Хејдн ќе биде добар иако ќе се соочи со одреден притисок после коментарите на Дохан. Тој е одличен возач добро ќе му дојде и тоа што сите погледи ќе бидат насочени кон Роси. Мислам дека и Едвардс ќе има солидна сезона и покрај тоа што ќе му треба време да се прилагоди на мотоциклот на Honda.“

„Роси ќе има добар настап во Yamaha. Тој е дефинитивно еден од фаворитите за титулата. Во моментов, тој е убедливо најдобриот возач на патеката. Но сега ќе видиме и каков ќе биде неговиот настап со послаб мотоцикл. Дефинитивно ќе ја направи Yamaha подобра а воедно мислам дека и шампионатот ќе стане поинтересен.“

„После долго време со нетрпение чекам да почне новата сезона. Последен пат тоа се случи во годината кога Шванц и Рејни се бореа за титулата.“

Марк Фаулер – САД

„Дали Роси ја направи најдобрата или најлошата работа во својата кариера? Ниту едното ниту другото. Само времето ќе покаже која е исправната одлука. Дали Роси постигна нешто во својата кариера? Секако! 5 титули во три различни класи и со два различни мотоцикли. Секако дека ќе сака да постигне уште повеќе. Секоја нова титула е само екстра. А што ако не успее да освои титула со Yamaha? Тој и понатаму ќе остане херој. Во суштина, тој може многу да добие а нема ништо да изгуби.“

„Според тебе, што би можел Роси да постигне во 2004 година? Места на подиумот и можеби една или две победи. Yamaha не само што треба да ја победи Honda, туку и Ducati. Мислам дека Роси има многу среќа а тоа е навистина потребно.“

„Кој ќе биде најдобар возач во Honda?“ Сет Жиберно бидејќи тој е победник. Би сакал да го видам на првото место и Колин Едвардс но досега тој нема освоено ништо со мотоциклот на Honda.

„Кои возачи ќе бидат дел од борбата за титула?“ „Сет Жиберно, Колин Едвардс и Лорис Капироси.“

Џим Бојнтон – САД

„Дали Роси ја донесе најдобрата или најлошата одлука во неговата кариера?“ Зависи од тоа дали му е важно следната сезона да ја освои титулата. Ако е така, тогаш сметам дека одлуката е погрешна. Ако не му е битна титулата, тогаш сигурен сум дека Yamaha ќе напредува со него во тимот и веќе во 2005 година ќе ја освојат титулата.

„Дали Роси може да ја освои титулата во 2004 година?“ Мислам дека ќе биде меѓу најдобрите 5 возачи. „Кој ќе биде најдобар возач на Honda?“ Мислам дека борбата ќе биде помеѓу Сет, Колин и Ники. Најверојатно како победник ќе излезе Колин.

„Кои возачи ќе се борат за титулата?“ Сет, Биаџи, Колин, Лорис и Ники.

Back To Top