Тимот на Јамаха денеска излезе со соопштение во кое потврдува дека Валентино Роси, светски познатиот возач од Мото Гранд При шампионатот доаѓа во Македонија.

Тимот на Јамаха денеска излезе со соопштение во кое потврдува дека Валентино Роси, светски познатиот возач од Мото Гранд При шампионатот доаѓа во Македонија.

rossi o tt da ilha de man e demasiado perigoso hd 32147

Според зборовите на „Докторот“, патеката во Кичево која всушност е полигон за воени вежби и се наоѓа во склоп на касарната на АРМ, е вистински предизвик за него„Да се вози по испукан асвалт, без зони за излетување, со можност некое дете да претрча во секој момент е нешто што ретко се гледа. Всушност, го има само во Македонија.“

„Имав прилика да погледнам неколку клипчиња на Јутјуб од патеката во Кичево и веднаш бев воодушевен од глетката. Наместо ограда има публика, редарите ги користат знамињата за потпирање, а пит стопот е замислен. Во споредба со ова, Isle of Man TT е детска играчка.“

Тимот на Јамаха потврди дека е можно и во иднина да ја користи патеката во Кичево за свои потреби. „Се надеваме дека ќе добиеме дозвола од локалните власти за користење на делот од касарната кој Македонците го викаат „патека“ за снимање на видеа со екстремни спортови.“

Домаќинот на патеката познат под името „Жута Минута“ не сакаше да го коментира доаѓањето на Роси во Кичево, но од она што можевме да го разбереме, тој жали што нема да добие ракија како поклон.

Валентино Роси ќе вози на една од вкупно 0 (нула) трки кои се возат во земјава заради недостаток од тркачка патека на која може да се одржуваат натпревари во брзински мотоциклизам.

За крај, нека ни е весел денот на шегата, додека не се подобрат работите во мото спортот во земјава, ќе можеме само да се смееме на ваквите содржини.

Back To Top