„Се обидуваме да бидеме професионални, се обидуваме да бидеме најдобри на патеката и притоа ги ризикуваме животите“

„Се обидуваме да бидеме професионални, се обидуваме да бидеме најдобри на патеката и притоа ги ризикуваме животите“

Токсичната атмосфера што ја имаше на последната трка од минатогодишниот шампионат се префрли и на првата трка од новата сезона која се оддржа во Катар.

Хорхе Лоренцо и Марк Маркез беа исвиркувани како на патеката така и на подиумот. Актуелниот шампион Лоренцо неколкупати и гестикулираше на публиката да замолчи.

PA1869275.0008

„Мислам дека не сторивме нито лошо во изминативе неколку месеци. Се концентриравме на тоа само да бидеме брзи,“ изјави Лоренцо.

„Го освоив шампионатот. Марк даде се од себе минатата сезона, а и новата сезона ја почна добро исто како и јас. Се обидуваме да бидеме професионални, да бидеме најдобри на патеката и притоа го ризикуваме животот. Затоа не знам што направивме погрешно.“

Извиците очегледно беа поради настаните што се случија минатата сезона при борбата за титулата. Валентино Роси изјави дека Маркез се обидел да му помогне на Лоренцо на последните трки.

Маркез, кој ги демантира тврдењата на Роси, изјави дека ќе мора да се навикне на исвиркувањата.

„Не ми се допаѓа тоа во MotoGP шампионатот. Но знам дека ќе се сретнувам со тоа па затоа морам да се навикнам, морам да се адаптирам,“ изјави Маркез.

„Она што за мене е најважно е фактот што мислам дека сите уживаа на трката. Јас уживав на патеката и задоволен сум од резултатот. Ќе се обидеме да го повториме истиот резултат и во Аргентина.“

Роси не сакаше да даде коментар на исвиркувањата на публиката.

Во меѓувреме, Лоренцо и Маркез ги негираа гласините дека нема да го напуштат хотел од безбедносни причини.

„Не се плашам. Ако не го напуштам хотелот тоа е бидејќи се подготвувам за трката,“ изјави Лоренцо.

„Бев исплашен вчера бидејќи еден мотор на авионот престана да работи, но тука не се плашам.“

Во Аргентина се случи една од трите судари меѓу Маркез и Роси минатата сезона. Парот се судри во моментот кога Роси го презеде водството на патеката.

Во средата Маркез изјави дека тоа било само мал инцидент и дека поради состојбата на неговата предна гума, требало да се задоволи со второто место.

„Веќе изјавив по завршувањето на трката минатата сезона дека направив грешка бидејќи одбрав помек пневматик. Губев многу време и можеби е подобро што тој ја освои победата,“ изјави Маркез.

„Имаше само уште два круга до крајот и се обидов да се борам но тој беше многу побрз. Знам дека направив грешка но тоа беше само еден инцидент.“

„Трката беше добра бидејќи бев во третиот ред. На првиот свиок имав допир со Јанон, загубив малку време, но после тоа имав добра брзина и малку по малку ги претекнував возачите кои беа пред мене и стигнав на второто место,“ изјави Роси.

„Но во тој момент Марк беше далеку. Затоа беше тешко да го стигнам. Но се чувствував добро, мотоциклот работеше одлично и успев да го стигнам. За жал два пати се допревме и при вториот контакт Марк падна.“

„Штета бидејќи тоа ќе беше одлична борба. Дали тоа промени нешто во нашиот однос? Искрено не знам“ изјави Роси.

Парот повторно имаше контакт на патеката во Асен како и во Сепанг кога Роси ги загуби шансите за освојување на титулата. 

Back To Top