На патеката во Асен, Алекс Ринс ќе извози неколку кругови со најновата Suzuki MotoGP шасија.
Алекс Ринс ќе ја испроба новата шасија на Suzuki за време на Холадската Гран При трка. Претходните тестови кои се одржаа на патеката во Каталуња покажаа добри резултати. Новата рамка ја испроба тест возачот Силвиан Гинтоли за време на мото викендот во Барселона, а веднаш по него, на тестот кој се одржа на истата патека ја испроба и Ринс.
„Добивме многу нови информации на тестовите кои ги имаа Силвиан и Алекс“ , изјави техничкиот менаџер Кен Каваучи. „За време на викендот многу е тешко да се тестираат новите делови и сетинзи. Затоа вакви тест денови се многу важни и корисни за нас.“
„Ринс, кој заврши на четвртото место на трката, имаше неколку брзи кругови со стандардната GSX-RR шасија и беше на првото место на табелата во поголемиот дел од денот. Потоа ја испроба другата рамка. Иако таа имаше подобри резултати при сопирањето сепак во други области беше послаба. Затоа треба да бидеме внимателни пред да ја донесеме конечната одлука.“
„Модификуваната шасија имаше многу позитивни работи но исто така има и неколку работи кои би сакал да ги подобриме“, изјави Ринс кој се најде на четвртото место по завршувањето на тестовите.
„Нема премногу работи кои треба да ги промениме , но сепак уште еднаш ќе ја разгледаме целокупната ситуација пред да ја донесеме конечната одлука.“

Тимскиот менаџер Давиде Бривио вели дека следната евалуација најверојатно ќе се случи за време на престојната трка во Холандија.
„Мислиме дека новата шасија ќе ја подобри стабилноста кога притискаме на сопирачките.Тоа би можело да биде од корист на одредени патеки.“
„Исто така ја тестиравме електрониката, ергономијата и пневматиците на Michelin. Севкупно гледано Алекс имаше позитивен тест.“
На другата страна на гаражата на Suzuki, Јоан Мир, кој заврши на шестото место на трката, по завршувањето на тестот се најде на осмото место со заостанување од 0.35 секунди за Ринс.
„Јоан испроба неколку различни сетинзи но исто така работеше и на стилот на возење и на уште неколку други основни работи“ , изјави Бривио.
„Генерално сум задоволен бидејќи ја подобрив брзината“ , изјави Мир. „Работевме добро во текот на целиот ден, се подобривме во многу аспекти. Но не се фокусиравме само на една работа туку на повеќе области.“
Во моментов, Ринс е на третото место во генералниот пласман но заостанува само 2 поени зад возачот на Ducati, Андреа Довициозо.

Коментари