„Моето минато е фантастично и горд сум на кариерата, но ако сакаш да продолжиш мораш да работиш напорно“ – Валентино Роси

Поминаа две години од последната MotoGP победа на Валентино Роси која се случи 25-ти јуни 2017 година за време на трката во Асен. Иако ова е најдолгата серија на порази за Италијанската легенда за 14 години колку што е во Yamaha, сепак тоа не е неговата најдолга серија без победа. Таа траеше уште дополнителни осум месеци, од октомври 2010 до јуни 2013 година кога беше дел од тимот на Ducati.

Иако е горд на досегашниот успех, Роси вели дека тајната на неговата долговечност во серијата е во тоа што секогаш е фокусиран на иднината.

„Вообичаено не сакам да размислувам за минатото, тоа е фантастично и навистина сум горд на мојата кариера. Но ако сакате да продолжиме морате да работите напорно и да размислувате за иднината“ , вели Роси.

Што мисли Роси за моменталната ситуација и за иднината?

„Што мислам за иднината. Во моментов сме во тешка ситуација. Мислам и се надевам дека Yamaha ќе направи повеќе, ќе биде повеќе компетитивна бидејќи ривалите кои ги имаме во моментов се навистина добри. “

„Но мислам дека сум во добра форма. Добро возам. Добро се подготвувам за трките и затоа мислам дека можеме да бидеме компетитивни.“

Rosi Assen txt 27 06

Џакомо Агостини (8) е единствениот возач кој има повеќе победи од Роси(7), кој пак веќе го држи рекордот по бројот на победи во 500cc/MotoGP класата со вкупно 89.

Следната победа ќе биде прва за него откако наполни 40 години, подвиг кој им успеал само на уште тројца возачи.

Асен беше местото каде што Роси повторно се врати на врвот откако премина во Yamaha во 2013 година а легендарната Холандска патека би била одлично место да ја прекине серијата порази.

Иако тимскиот колега Маверик Вињалес беше единствениот возач на Yamaha кој минатата година успеа да стигне до победа, Роси сепак на конечната табела заврши како најдобар возач на Yamaha со освоеното трето место.

„После несреќата која ја имавме во Барселона подготвени сме за следните две трки во Асен и Заксенринг“, изјави Роси. „Завршивме добра работа за време на паузата и сега сме навистина брзи. Се чувствував добро за време на два круга кои ги поминав на патеката. Ќе продолжиме да работиме напорно за и на трката во Асен да бидеме меѓу првите возачи.“

„Тестот во Каталуња донесе позитивни резултати и мислам дека тоа ќе ни помогне да имаме добар викенд. Ќе дадеме се од себе.“

Rosi Assen txt 1 27 06

Од трката во Асен во 2017 година па се досега, Роси четири пати завршува на второто место вклучувајќи го и поразот од Алекс Ринс со разлика од само 0.462 секунди како и падот кој го имаше на трката во Сепанг минатата година и покрај тоа што беше во водство.

„После успешниот тест во Каталуња доаѓаме на патеката во Асен полни со оптимизам“, изјави тимскиот менаџер Масимо Мерегали.

„Навистина е голема штета како завршија работите на последната трка и тоа сериозно ќе влијае на конечниот распоред. Сепак, решени сме да имаме добра трка овој викенд а она што се случи во Каталуња ќе ни биде дополнителна мотивација.“

„Сакаме да завршиме на подиумот а за да го постигнеме тоа на секоја сесија мораме да биде меѓу најдобрите. “

На првите три трки од сезоната Роси два пати се најде на подиумот. Вториот возач на тимот, Маверик Вињалес, само еднаш успеа да се искачи на подиумот оваа година а тоа се случи за време на трката во Херез.

Минатата година за време на трката во Асен, двајцата возачи беа дел од борбата за победа. На крајот, Вињалес заврши на третото место а Роси беше петти.

Back To Top