Маверик Вињалес смета дека Хорхе Лоренцо следната трка треба да ја почне од последниот ред. „Изгледаше како почетничка грешка а тој е неколкукратен шампион.“

Маверик Вињалес ги повика стјуардите да му дадат висока казна на Лоренцо по инцидентот кој го предизвика на трката во Каталуња. Малото невнимание на Шпанецот значеше крај на трката за тројца возачи а Вињалес смета дека тоа било почетничка грешка.

24 годишниот Вињалес вели дека Лоренцо не само што им ја уништил трката на него и на Роси туку и значително ги намалил шансите за борбата за титулата на Андреа Довициозо. „Тешко е да се надополни разлика од 25 поени“ , вели Вињалес.

Иако зборуваше смирено, Вињалес сепак вели дека не му било јасно зошто Лоренцо сакаше толку рано да се бори за подобра позиција. „Мене можеш да ме претекнеш на правецот каде што сме побавни. Требаше да почека само неколку свиоци“,вели Вињалес.

vinales catalunya txt 1 18 06

„Најдолу на патеката“, изјави Вињалес на прашањето каква казна би била соодветна за Лоренцо. „Поради него тројца возачи не ја завршија трката. Јас и Роси не се бориме за титулата и можеби не е толку страшно.  Но инцидентот влијаеше на Довициозо кој се бори за титулата. Ја уништи мојата трка, трката на Роси и шансите за титулата на Довициозо. Многу е тешко да се надополнат 25 поени.“

„Се надевам дека стјуардите ќе му дадат жестока казна, исто како што направија со мене.“

„Го видов како влегува од внатрешната страна, Се обидов да го избегнам но тогаш неговиот мотоцикл ја допре мојата задна гума. После тоа беше невозможно да го исконтролирам мотоциклот.“

Лоренцо изјави дека веднаш после инцидентот заминал во гаражата на Yamaha за да им се извини на двацата возачи но не ги нашол таму. Сепак, Каталонецот е разочаран од однесувањето на возачот на Honda.

„Тој не дојде да ни се извини. Искрено, овој свиок е секогаш тежок. Можеби се наоѓаш на четвртото место но ова е само прв круг од трката. Можеш да ме претекнеш на правецот каде што сме побавни. Само почекај неколку свиоци.“

„И на загревањето ме претекна без добра причина. Се уште не знам зошто го направи тоа. Истото му се случи и со Џек Милер за време на загревањето во Муџело. Ако ме прашате мене, ова изгледа на почетничка грешка а тој е неколкукратен шампион.“

„Поради поголемата моќност на неговиот мотоцикл треба да знае дека може да ме претекне на правецот.“

„Само еднаш ми се има случено ова додека уште бев дел од Moto2. Немав направено ваква грешка дури и кога бев под голем притисок. Можеше да не притисне на сопирачката и да продолжи право. Имаше простор за тоа.“

„За мене  нема никакво оправдување. Имаше добра трка и беше на четвртото место. Нема никаква логика таму да не претекнуваш кога истото можеш да го сториш подоцна.“

„Како што кажав, тој ја уништи трката за нас. Но најважно е што не се повредив.Тестот во Барселона е навистина важен за нас и ќе се обидеме да испробаме неколку нови работи. Мислам дека можам повторно да бидам добар и тоа е најважно.“

vinales catalunya txt 2 18 06

Но не беше се така лошо на трката. Вињалес имаше добар старт и успеа да се искачи четири места погоре после првиот круг.

„Од друга страна, задоволен сум од викендот бидејќи покажавме подобрување. Оваа сезона се немам чувствувано толку брзо на стартот.“

„Разочаран сум од резултатот на трката но среќен сум од напредокот кој го имаме. Мотоциклот беше добар иако беше со полн резервоар. Ако сакаме да направиме мотоцкл кој ќе може да победи, тогаш ќе мораме да работиме многу напорно.“

„Во првиот круг помислив дека ќе можам да го претекнам Дови а тоа ќе значеше искачување за пет места погоре. Тоа е навистина позитивно.“

„Вообичаено имам проблеми на стартот но тука бев многу брз. Оваа трка треба да ни го преставува патот по кој треба да продолжиме да се развиваме.“

Размислување за трката во Асен? „Мислам дека ни одговара патеката. Тоа го покажав минатата година. Но никогаш не се знае. Можеби нема да имаме добра трка.“

„Вообичаено патеката во Асен одговара на нашиот мотоцикл. Мислам дека главниот дел беше на вториот слободен тренинг каде што можевме да работиме на сетапот и електрониката. Мислам дека имаме голем потенцијал.“

Back To Top