Благодарение на увозникот на Мотул за Македонија, Акома Оил, имавме прилика да присуствуваме на трката за Германското Гранд При на патеката Захсенринг.

Благодарение на увозникот на Мотул за Македонија, Акома Оил, имавме прилика да присуствуваме на трката за Германското Гранд При на патеката Захсенринг.

gp germanija mm93 1

Викендов присуствуваме на деветтата Гранд При трка од МотоГП календарот која се одржа на патеката Захсенринг во Германија. Благодарение на момците од Мотул имавме прилика да уживаме во најпрестижното Светско мото натпреварување. Мотул како спонзор на трката се покажа во вистинско светло, со прекрасна организација како за гледачите така и за нас среќниците кои добивме можност да го поминеме викендот со нив.

motogp motul germanija

Пречекот беше фантастичен, бевме сместени во градот Кемниц кој е во близина на патеката, а организаторите се потрудија секој момент да ни биде исполнет. Почнувајќи од петокот, по тренинзите на патеката имавме прилика да се дружиме со останатите застапници на Мотул од цела Европа, а во саботата дружбата продолжи со вкусна германска скара и пиво. Во саботата и неделата имавме прилика да влеземе во падокот, а беше вистинска привилегија да се видат во живо сите МотоГП ѕвезди.

gp germanija padok 1

Искуството кое ни го овозможи Мотул е бесценето, од дружењето до сето она што можеше да се види на и околу патеката, а како цреша на шлагот беше посетата на Пол Еспергаро, Бредли Смир, Маверик Вињалес и Алеш Еспергаро во приватниот дел на Мотул каде возачите делеа автограми и се дружеа со присутните.

gp germanija motul 1

Огромна благодарност до Акома Оил и Мотул за неверојатното искуство, а сега да се навратиме на она за што дојдовме, трката.

Повремен дожд се очекуваше пред почетокот на трката во Германија а престана да врне само што започна трката. Се појави дилема кај тимовите и возачите кои се обидуваа да го најдат вистинскиот момент да ги заменат мотоциклите.

Вистинската одлука ја донесе Repsol Honda. Ризикот да го остават Марк Маркез на почетокот да вози со мазни гуми им ја донесе седмата последователна победа во Сашенринг. На крајот тие завршија со предност од 10 секунди во однос на Кал Кратчлоу. Возачот на LCR успеа да го претекне неговиот сонародник, Скот Рединг  во последниот круг, а веднаш по него истото успеа да го направи и Андреа Довициозо.

gp germanija dozd 1

Откако Маркез беше претекнат од Роси во третиот свиок, се чинеше дека лидерот на табелата  до крајот на трката ќе се обиде да спаси само некој поен. Но после обилните врнежи од дожд утрото и погрешниот избор на пневматици, Шпанецот мораше да биде внимателен.

Довициозо се обиде да го престигне Роси после три круга, а три свиоци подоцна истото го стори и Петручи.  После еден круг, возачот на Pramac го престигна и Довициозо.

Џек Милер се најде на шестото место откако се изгасија светлата, притоа поминувајќи ги Хектор Барбера и Марк Маркез. Но сепак не успеа да ја намали предноста во однос на првите тројца возачи. Дани Педроса имаше слаб старт но успеа да се врати во трката.

gp germanija trka 1

На 20 круга до крај, Јанон испадна и му го препушти водството на Довициозо. Слична незгода доживеа и Маркез, но сепак успеа да се врати на патеката.

На седумнаесет круга до крајот, Јанон ги замени пневматиците, надевајќи се дека на тој начин ќе успее да постигне подобар пласман. Во меѓувреме, Барбера неколку пати се обиде да го престигне Роси, а веднаш зад нив беше Кал Кратчлоу кој возеше со неверојатна брзина и беше првиот кој успеа еден круг да го извози за 1 минута и 34 секунди.

gp germanija rosi 1

На тринаесет круга до крајот, Маркез го замени мотоциклот. Работата на механичарите не беше баш најдобра, но за среќа и првите пет возачи исто така беа надвор од трката. Ваквата одлука се покажа како лоша за Роси. Милер одлучи да остане надвор од трката малку подолго но сепак не успеа да му побегне на Маркез и Шпанецот го претекна еден круг подоцна.

Рединг храбро се бореше против Кратчлоу но на крајот сепак беше неуспешен откако Британецот успеа да ги помине него и Довициозо во последниот круг. На крајот Рединг заврши на четвртото место пред Ианоне. Педроса и Милер успеаа да го престигнат Роси и да завршат на шестото и седмото место.

gp germanija reding 1

Единствената работа што би можела да го утеши Роси е фактот дека неговиот тимски колега Јорхе Лоренцо заврши надвор од топ 10.

Со оваа победа Маркез ја зголеми предноста во однос на Лоренцо на 48 поени а Роси заостанува дополнителни 11.

Back To Top