Две важни соопштенија беа објавени за време на оддржувањето на MotoGP трката во Германија. Првото е дека организаторите на трката во Германија го продолжиле договорот за уште пет години, до 2021, а втората е дека и Финска ќе биде домаќин на MotoGP трка почнувајќи од 2018 година.

Ваквата вест за трката во Германија беше очекувана, но она што се уште не е познато е на која патека ќе се оддржуваат трките. 

Во моментов, Захсенринг е фаворит, но и покрај тоа што е популарна кај навивачите, не им носи голем профит на организаторите на трката.

Постои можност трката да се оддржи во Нирнбургринг, но организаторите се плашат дека на таа трка нема да присуствува голема публика.

Веста за Финска беше изненадување. Веќе неколку години имаше гласини дека  Финска ќе се врати на календарот, но договорот конечно беше објавен денеска.

finska motogp

Последната трка во Финска се оддржа пред 36 години во Иматра. Финската трка во MotoGP ќе се оддржи во 2018 година на патеката Кумиринг која се наоѓа на околу 150 километри од Хелсинки.

Со приклучувањето на Финска, MotoGP календарот би можел да порасне на 20 трки. Се очекува и Тајланд да се приклучи веќе од следната година. 

Останува да видиме само дали Финска ќе ја замени трката во Шпанија.

Back To Top