Randy de Puniet се враќа на патеките по само 22 дена откако ја скрши ногата на трката во Sachsenring. Како што најави веднаш по повредата тој се обиде да закрепне за трката во Брно, па денеска на патеката Circuit d’Ales возеше Honda CBR 1000RR со цел да провери дали ќе може да вози. Неговите фанови можат да бидат задоволни бидејќи по тестот изјави: "Не е толку лошо колку што мислев, на почетокот ја осеќав болката но потоа се навикнав на неа и не ми претставуваше проблем. Ми олесна кога видов дека ќе можам да возам, мислам дека ќе одам на Брно и покрај тоа што не сум 100% подготвен."

Back To Top