Две трки во Катар и една во Портимао на старт на сезоната. Трките во Аргентина и САД засега се одложени.

FIM, IRTA и Dorna Sports го преставија новиот календар за сезоната 2021 од MotoGP шампионатот. Пред нас е уште една неизвесна сезона а за нешто повеќе од еден месец треба да почнат и првите тестирања.

Првата трка од сезоната која треба да се оддржи од 26-ти до 28-ми март во Катар останува на распоредот. Веднаш по неа, од 2-ри до 4-ти април ќе се вози Гран При трката на Доха која ќе се оддржи на истата патека во Лосаил. Autodromo Internacional do Algarve во Португалија е трета во шампионатот и планирано е тука трката да се оддржи помеѓу 16-ти и 18-ти април. Потоа тимовите заминуваат за Херез, како што и првично беше планирано.

new calendar 2021 insta nl doha.middle

После Херез следуваат традиционалните трки кои се возат во Европа: Франција, Италија, Каталуња, Германија, Холандија, Финска(чека хомологација), Австрија, Велика Британија, Арагон и Сан Марино. Серијата потоа се сели во Азија каде прво ќе се оддржи трката во Јапонија а потоа и Малезија.  Валенсија после тоа ќе биде домаќин на финалната трка од шампионатот а трката е закажана да се вози од 12-ти до 14-ти ноември.

Поради пандемијата со Коронавирусот, трките во Аргентина и САД засега се откажани. Mandalika International Street Circuit  во Индонезија се води како резервна патека.

Веднаш ќе ве известиме доколку има нови промени на календарот.

Back To Top