Ducati стана вториот фабрички тим кој потврди дека ќе остане дел од MotoGP најмалку до 2026 година.

Ducati е втората екипа (после КТМ)која го продолжи договорот со Dorna и ќе остане дел од шампионатот и во иднина.

„ Dorna Sports е горда што ја продолжи соработката со Ducati и благодарни сме на нивната лојалност кон серијата“, изјави извршниот директор на Dorna, Кармело Езпелета.

„Голема чест ни преставува тоа што ќе го придружуваме овој познат тим на патот кон нови успеси. Исто така горди сме и што ја делиме оваа нова епизода во историјата на тимот заедно со младите возачи Џек Милер и Пеко Бањаиа.“

„Нивниот потенцијал и талент сигурно ќе играат голема улога во шампионатот.“

Клаудио Доменикали, извршниот директор на Ducati Motor Holding додаде: „Овој нов договор потврди дека тркачките патеки и мотоциклите со високи перформанси остануваат централен елемент за Ducati. Сакам да им се заблагодарам на Dorna а пред се на Кармело Езпелета, за одличната работа која ја направија во изминативе години.“

Ducati се приклучи на MotoGP во 2003 година и победија на една трка уште во првата сезона. Во 2007 година, со Кејси Стонер, стигнаа и до титулата.

Фабричкиот тим потоа завршуваше на второто место со Андреа Довициозо во 2017,2018 и 2019 година. Минатата сезона пак ја освоија втората титула кај конструкторите.

Ducati Contract txt 21 01 2021

Севкупно Ducati, 160 пати се искачуваше на подиумот и постигна 51 победа во 18 сезони колку што е дел од MotoGP.

Тимот ќе има нов почеток во сезоната 2021 заедно со новите возачи, Џек Милер и Франческо Бањаиа.

„Среќни сме што можеме да потврдиме дека остануваме дел од MotoGP до крајот на сезоната 2026“, изјави генералниот менаџер на Ducati Corse, Џиџи ДалИгна. „Во изминативе години Desmosedici GP покажа дека е еден од најкомпетитивните мотоцикли на патеката а титулата кај конструкторите е уште еден доказ за тоа.“

„Иако оваа година правилата не ни дозволија да направиме поголеми промени, во сезоната 2021 ќе се натпреваруваме со истата пасија и посветеност.“

„Целта е да се бориме за титулата заедно со нашите нови возачи и да се подготвиме за предизвиците кои не чекаат во иднина.“

Покрај KTM и Ducati, независниот тим на Gresini е единствената екипа кој го има потврдено учеството во серијата и во сезоната 2022. Наскоро се очекува и останатите производители, Suzuki, Yamaha, Honda и Aprilia да потврдат дека ќе бидат дел од серијата и во иднина.

Иако Dorna би сакала сите шест фабрики да поддржат некој независен тим, недостатокот од сателитски мотоцикли кај Suzuki и Aprilia се чини дека ќе го пополни Ducati кои на патеката ќе се појават со шест мотоцикли, благодарение на соработката со Pramac и Avintia.

Suzuki размислува да пријави сателитски проект во 2022 година кога Aprilia ќе ја прекине соработката со Gresini.

Back To Top