Преговорите помеѓу Кал Кратчлоу и Јамаха се чини дека се најдоа во ќор-сокак, барем судејќи според интервјуто што Британскиот возач го даде за MCN.com.

silverstone cal monster yamaha tech 3 crutchlow 800

Преговорите помеѓу Кал Кратчлоу и Јамаха се чини дека се најдоа во ќор-сокак, барем судејќи според интервјуто што Британскиот возач го даде за MCN.com.

Во моментов, возачот на Јамаха Тек 3 се наоѓа на четвртото место во генералниот пласман и има освоено три места на подиумот.

Кратчлоу сака фабрички мотоцикл но е подготвен да остане во Тек 3 уште една сезона доколку добие поголема подршка од тимот и значително зголемување на платата но исто така и доколку му биде ветено дека ќе вози за фабричкиот тим во 2015 година.

Сепак Лин Џарвис не може да му гарантира место на Кратчлоу, особено доколку Хорхе Лоренцо и Валентино Роси одлучат да останат во тимот и по 2014 година.

„Она што Јамаха може да ми го понуди во моментов не е тоа што го барам. Мислам дека заслужувам повеќе и отворено и кажав на Јамаха дека сакам да останам и дека сакам двегодишен договор. Првата година да возам за Тек 3, а втората за фабричкиот тим. Но тие неможат да ми го гарантираат тоа. Лин Џарвис (шефот на Јамаха) изјави дека доколку Хорхе и Роси одлучат да останат тогаш нема да има место за мене во 2015 година. Тие ќе ми понудат едногодишен договор но ми кажаа дека доколку можат, ќе ги задржат Хорхе и Валентино во Јамаха и во 2015 година и нема да има место за мене,” изјави Кратчлоу за Британската интернет страна.

Кратчлоу е во преговори и со Дукати кои сакаат да го имаат во тимот пред се поради големата подршка што возачот ја има во Италија. Но доколку Италијанскиот производител одлучи да го задржи Ники Хејден уште една сезона, единствената опција на Кратчлоу е да вози за сателитскиот тим на Дукати со можност да премине во фабричкиот тим во 2015 година.

Back To Top