„Возач како Маркез се појавува еднаш на 15 години. Пред него тоа беше Валентино Роси”- Кал Кратчлоу

mgp2-marquez-crutchlow-qatar-2013

„Возач како Маркез се појавува еднаш на 15 години. Пред него тоа беше Валентино Роси”- Кал Кратчлоу

Марк Маркез вози одлично оваа сезона и веќе постави нов рекорд на најмлад возач кој победил на трка од премиерната класа. Пред почетокот на сезоната, многумина очекуваа дека тој ќе биде брз но дека нема да може да се бори за титулата.

Кал Кратчлоу постојано вели дека Маркез е еден од фаворитите оваа сезона.  Минатата сезона тој изјави: „Моторциклот на Маркез во Moto2 е послаб од оној на Пол Еспаргаро но сепак нема друг возач кој може да го направи она што тој го прави со моторциклот.”

Кратчлоу неодамна објасни зашто мисли дека Маркез е толку добар возач.

„Возач како Маркез се појавува еднаш во 15 години. Пред него тоа беше Валентино Роси,” изјави Кратчлоу. „Тој е брз и тешко е да се победи.”

Кратчлоу исто така се потсети и на разговор што го имаше со еден инжинер во 2008 година.

Се сеќавам на едно лице од времето кога работев во Хонда. Го прашав кој е најдобриот возач со кого си работел? Тој имаше работено со многу возачи меѓу кои Валентино, Колин и Макс.

Тој ми кажа Марк Маркез. Тогаш тој имаше 14 или 15 години. Ми рече дека бил многу подобар од сите други возачи.

Единствена грешка оваа сезона Маркез направи на Италијанската Гран При трка. 20 годишниот возач заврши на подиумот на сите други трки и во моментов се наоѓа на третото место во шампионатот.

Back To Top