Ова не беа вообичаени предсезонски подготовки за тимот кој минатата сезона ја освои тројната круна.

Тим: Repsol Honda

Возачи: Марк Маркез, Хорхе Лоренцо

Тест Возач: Стефан Бредл

Мотоцикл: Honda RC213V

Најдобро пласиран возач во 2018 година: Марк Маркез, 1-ва позиција

Најдобар резултат во 2018 година: Марк Маркез (9 победи), Кал Кратчлоу (1 победа)

Најдобар резултат на тестовите: 3-то место Валенсија, 1-во место Херез, 1-во место Сепанг, 5-то место Катар

Пристигнувањето на Хорхе Лоренцо во екипата значи дека тимот во своите редови сега ги има двајцата возачи со најмногу освоени титули.  Фабричкиот тим на Honda никогаш досега немал двајца возачи кои меѓусебно ги имаат поделено последните седум титули во серијата.

Но наместо да се фокусираат да го достигнат успехот кој го постигнаа Мик Дохан, Тадајуки Окада и Алекс Кривие, кои во 1997 година комбинирано победија на сите трки, тимот се соочи со друг проблем во пресрет на првата трка од сезоната закажана за 10-ти март. А тоа е да се осигураат дека нивните возачи ќе се појават на патеката.

Екипата се соочи со уникатна ситуација. Сите заедно, Маркез, Лоренцо и Кал Кратчлоу, комплетираа само еден тест на новиот RC213V. Во Катар, секој од возачите се соочуваше со различни проблеми.

Honda Preview txt 1 08 03

На почетокот на декември, актуелниот шампион мораше да замине на комплицирана операција на левото рамо. Кратчлоу призна дека стравува дека нема да биде подготвен за првата трка од сезоната откако претрпе тешка повреда на зглобот. Лоренцо пак се уште се опоравуваше од повредата која ја доби минатиот септември во Тајланд. Како да не беше доволно само ова, кон средината на јануари тој падна уште еднаш на патеката во Италија. Фрактурата на левата рака го спречи да биде дел од тестовите во Сепанг. Во моментов, тој е се уште далеку од целосна физичка подготвеност.

Сето ова значеше поголема одговорност за тест возачот Стефан Бредл. 2019  RC213V се уште е далеку од совршен. Инжинерите се обидоа да го променат неговиот карактер и да го направат малку постабилен предниот дел. Но ова е многу тешко да се постигне кога главните возачи се надвор од игра.

Лоренцо продолжува да ја прилагодува позицијата на возење, Кратчлоу продолжува да се жали на недостатокот од комфор при влегување во свиоците а Маркез во текот на целата пауза не успеа поврзано да извози повеќе од осум круга.

Но и покрај ова, од возачот со бројот 93 се очекува да биде меѓу фаворититие уште од самиот старт. За време на последата вечер од тестовите во Катар, тој изјави дека е подготвен за сезоната која престои. Во однос на повредата на рамото, порача дека тоа е завршена приказна.

Honda Preview txt 2 08 03

Рехабилитацијата на Маркез и Кратчлоу беа вистинска инспирација. Лоренцо, во меѓувреме изјави дека потенцијалот на неговиот нов тим е огромен. Само луд човек би се обложил против овие тројца возачи доколку тие се во врвна форма. А како што веќе ни имаат докажано луѓето во HRC, тие работат на мотоциклот во текот на целата година и немојте да очекувате дека прогресот на мотоциклот ќе запре тука.

На зимските подготовки можете да гледате како само на една пречка која треба да се надмине. Покрај се, немојте да заборавите дека ова е екипа која има 8 шампионски титули, 141 Гран При победа и 183 места на подиумот.

„Најдосадната зима во мојата кариера“, изјави Маркез и тоа со добра причина. 26 годишниот возач мораше да ги пропушти сите сериозни тестови и наместо тоа поминуваше по пет часа секој дена на физикална терапија.

Но тоа мораше да се направи откако лекарите му порачаа дека рамото му е тешко повредено од силните удари. „Сум имал повреди и порано и на крајот секогаш се подобрувате. Но сега неколку недели имав навистина големи болки. Неможев да си отидам дома и побарав да останам уште неколку дена во болница.“

Маркез имаше само четири слободни дена во текот на зимата а резултатите можеа да се забележат веќе на тестот во Сепанг. На првиот ден помина 29 круга. За време на вториот ден, откако извозе 37 круга, се пожали дека веќе не може да продолжи. Но веќе на тестот во Катар, тој беш стариот Марк Маркез.

Последната вечер во Катар преставуваше еден поинаков вид на тест. После еден пад повторно го повреди рамото. „Веднаш заминав на контрола и за среќа се беше во ред. Подготвен сум за борба.“

Honda Preview txt 3 08 03

Кратчлоу одбра рехабилитацијата да ја направи во Калифорнија. До декември тој веќе возеше велосипед но обидите самостојо да оди беа лоши. Во тие моменти, не беше сигурен дека ќе може да настапи на првата трка. Воопшто не е лесна ваквата повреда а Кратчлоу вели дека се уште секое утро ги чувствува последиците.

„Се уште имам болки во зглобот. Воопшто не ми е лесно кога ќе се разбудам. Но после пет минути ја снемува болката. Веќе ги извадив металните делови и мислам дека тие беа главниот проблем.“

Но тој не се чувствува удобно кога е на мотоциклот. „Слабо ми е чувството со задната спирачка. Покрај ова, носам и чизма која ми е многу поголема. Проблемот е што не го ни чувствувам стапалото дека ми е на сопирачката. Во минатото, речиси 70 проценти од времето ногата на ми е на сопирачката а сега е обратно.“

Постои согласност во Honda да направат машина која нема толку многу да се потпира на предниот дел. „Променивме некои делови на шасијата но се уште е тешко да се разбере“, изјави Маркез. „Видовме дека и кога температурата се намали, сите четири мотоцикли на Honda излетаа надвор од патеката. Се уште треба да работиме за да разбереме зошто не можеме да ги користиме меките пневматици.“

Сите се сложуваат дека новиот мотор има фантастичен потенцијал. Мотоциклот на Маркез достигна брзина од 216 милји на час, брзина поголема од онаа на Џек Милер (215) и Данило Петручи (214). Лоренцо ги пофали инжинерите и напомена дека сега се изедначени со Ducati.

„Ја подобривме брзината“, изјави Маркез. „Ова е навистина важно но се уште ги немаме поправено неколкуте работи кои ни создаваа проблеми минатата сезона. Се уште работиме на излегувањето од свиоците и се обидуваме да најдеме подобра тракција.“

Со оглед на тоа дека на Лоренцо му беше потребно речиси половина година да се прилагоди на мотоциклот на Ducati, беше големо изненадување резултатот кој го постигна на патеката во Херез. Иако не беше во врвна форма, тој беше за само 0.01 секунда побавен од Маркез.

„Прво, кога се качив на мотоциклот забележав дека тој ми делува помал во споредба со мојот претходен мотоцикл “, изјави Лоренцо за првиот впечаток на RC213V. „Се чувствувате многу посигурно кога влегувате во свиок и имате многу поголема самодоверба.“

„Друга предност на мотоциклот е тоа што неговата агилност во свиоците е многу добра.“

Honda Preview txt 4 08 03

Сепак на патеката во Катар тој немаше толку добар резултат. Првите два дена ги помина работејќи на позицијата на возење. „Првиот ден беше компликуван бидејќи темпото кое го имав не беше многу добро.  Но сега сме многу поблиску. Имаме голем потенцијал и сигурен сум дека ако продолжиме да работиме и ако подобро го разбереме мотоциклот ќе постигнеме голем успех.“

Маркез си постави голема цел. А на последната вечер од тестовите тој испрати и предупредување до неговите ривали. „Лоренцо денеска постигна добро време на еден круг но во однос на темпото за целата трка, тој е се уште далеку. Но ќе видиме како ќе биде за време на трката.“

„Обично, ова е патека на која е многу брз. Му одговара на неговиот стил на возење. Мислам дека заврши одлична работа но сепак му е потребно време. Но знаете, ние сме дел од HRC и тука секогаш морате да бидете на врвот.“

Лоренцо призна дека првата трка од сезоната воопшто нема да биде едноставна. „Можеби првата трка нема да биде лесна, но малку по малку ќе дојдеме до позицијата на која сакаме да бидеме. Резултатот кој го постигнавме на последниот тест покажа дека имаме потенцијал и сега само треба да продолжиме да работиме напорно. “

Back To Top