MotoGP

Преглед на Гран При трката во Портимао

Чудната и неочекувана сезона се ближи до самиот крај.

Следете нè на:

 

Чудната и неочекувана сезона се ближи до самиот крај.

Трките од MotoGP шампионатот ни понудија многу повеќе отколку што очекувавме во првите месеци од годината. Пандемијата со коронавирусот го направи своето и поради тоа првата трка од сезоната мораше да биде прескокната.Но благодарение на Dorna, производителите и пред се тимовите, повторно уживавме во една интересна сезона.

Но воопшто не беше лесно за нив да го организираат сето ова. Распоредот на трки за кратко време мораше да се збие, ограничен беше бројот на трки но и држави кои ќе можат да уживаат во MotoGP. На крајот сето тоа се исплатеше.

Соодветно одговара сезоната да ја завршиме на комплетно нова патека, прва во серијата од Бурирам во 2018 година.

Autodromo Internacional do Algarve at Portimao се наоѓа во јужниот дел на Португалија. Сместена  во внатрешниот дел на државата и нема допир со туристите кои ги посетуваат крајбрежните региони. Исто така се наоѓа на средина на нерамен, ридски терен, нешто што дизајнерите на патеката совршено го искористија.

Portima 2

Единствен рамен дел на патеката е правецот кој е долг еден километар. Но дури и тој почнува со искачување кое го крева предниот дел на мотоциклот.

Би можел детално да ви ја опишам патеката но веќе некој го има направено тоа, многу подобро од мене.  Во 2018 година, Јуџин Лаверти детално му опиша на Стив Инглиш како изгледа еден круг на патеката во Портимао од перспектива на возач.

Како би биле работите поинакви за MotoGP мотоцикл? За почеток, брзината и оптеретувањата ќе  бидат поголеми, што ја прави патеката уште потешка.

Таа е веќе физички тешка патека поради големата промена на висината. Не само што треба да внимавате на свиоците, туки и во многу од нив треба брзо да ја смените позицијата на возење и да ја префрлите тежината за да го контролирате мотоциклот.  Добро е што има многу малку делови каде треба да го запрете мотоциклот за да го свртите. Brembo, кој обезбедува сопирачки за мотоциклите во сите три класи, патеката во Портимао ја класифицира како лесна со сопирачките.

Свиокот број 1 е најтешкиот. На свиокот број 3  пак треба да му пристапите со помала брзина. Свиокот број 5 е еден од најдобрите на патеката. Возачите влегуваат надолу, ја минуваат кривината и потоа повторно се искачуваат на врвот на патеката. Свикот е широк и можете да влезете на неколку начини.

 DSC3471

Кој ќе има најмногу среќа? Дури и Мигел Оливеира, Португалскиот возач на KTM Tech3 кој редовно тренира тука, не е сигурен. „Навистина е тешко да се каже тоа“, вели Оливеира.

„Површината на патеката е едноставна и добра но проблем е тоа што има многу искачувања и спуштања. Мислам дека ќе биде тешко да се најде еден мотоцикл кој ќе биде добар тука и кој ќе има предност. Ќе мораме да почекаме и да видиме.“

Но Оливеира не очекува дека ќе има голема предност и покрај тоа што ја познава патеката подобро од другите возачи. „Тоа што ја познавам патеката ќе ми помогне само во првите десет минути од тренингот“, вели Оливеира.

Андреа Довициозо исто така смета дека Оливеира нема да има голема предност а како причина наведе тоа што патеката доби нов асфалт и сите нерамни делови се поправени. Тоа што знаете каде се испакнатите делови на патеката, многу често им помага на локалните возачи.

 DSC3627 copy copy

„Точно е дека тој не настапи со MotoGP мотоцикл“, изјави Довициозо на прашањето колку долго ќе трае предноста на Оливеира. „Но патеката има нов асфалт и повеќе ги нема испакнатите делови. Мислам дека нема да има голема разлика со возачите кои веќе возеле таму или пак тестирале. Ние тестиравме со супербајк но знам дека во петок ќе настапам на сосема поинаква  патека.“

Прашањето е каков ќе биде контактот на мотоциклите со површината.  Возачите од Формула 1 кој настапија тука на почетокот на месецот велат дека тој е слаб. Сепак, Довициозо не е сигурен дали тоа можеби се должи на фактот дека патеката само што доби нов асфалт.

„Кога тие возеа патеката беше навистина нова и можеби тоа променило нешто“, вели возачот на Ducati. „Некогаш кога контактот со површината е добар сте побрз но не е и секогаш така. Мислам дека никој не знае зошто се случува ова. Се додека не се појавиме на патеката не можеме да бидеме сигурни.“

Мотоциклите на Yamaha се надеваат дека ќе се покажат добро на патеката. 2020 Yamaha M1 има проблеми кога контактот со површината е слаб. Кога контактот е добар тие се далеку подобри на патеката. Површината на патеката би требало да и одговара на Yamaha. Но тесните свиоци би можеле да му одговараат на Suzuki. Машините на КТМ можеби неме да можат да ја искористат предноста која ја имаат при сопирање, но тие се подобри при вртење. И машините на Honda би требало да бидат добри.

 DSC3929

Работите ќе станат многу појасни штом ќе почне тренингот. Бидејќи станува збор за нова патека, слободните тренинзи во петок ќе траат подолго за возачите да се навикнат на патеката но и за тимовите подобро да го подготват сетапот.

MotoGP тимовите ќе имаат две сесиии кои ќе траат по 70 минути во петок. Moto2 и Moto3 тимовите исто така ќе имаат по две сесии но тие ќе траат 55 минути. Распоредот се враќа во нормала во сабота и недела. Запомнете само дека Португаија не се води според Централното Европско време и поради тоа трката ќе почне еден час подоцна во споредба со Валенсија.

Нова патека и повеќе време за тренинг значи и тоа дека Michelin ќе мора да обезбеди повеќе пневматици. Тие ќе обезбедат и екстра тврди предни и задни гуми во случај условите на патеката да се премногу предизвикувачки. Покрај ова, возачите ќе добијат дополнителен сет на предни и задни гуми бидејќи времето на патеката кое ќе го поминат е подолго.

 DSC3707 copy copy copy copy

Што остана за освојување? Во MotoGP тоа е гордоста откако на трката во Валенсија Жоан МИр стигна до титулата. Но 20 поени е разликата меѓу Франко Борбидели, кој се наоѓа на второт место и седмиот Пол Еспаргаро.

MotoGP можеби има шампион но се уште е неизвесна ситуацијата во Moto2 и Moto3. Енеа Батиастини е на лидерското место во Moto2 и има предност од 14 поени во однос на Сем Ловс, кој пак се уште се опоравува од несреќата во Ваенсија. 9 поени е разликата меѓу Ловс, Лука Марини и Марко Безеки.

Во Moto3 е уште поинтересно. Алберт Аренас има предност од само 8 поени пред Аи Огура. Тони Арболино пак заостанува 11 поени зад Аренас. Патеката во Портимао ќе биде многу тешка за возачите од Moto3 серијата а искаувањата сигурно ќе ги исцрпат мотоциклите кои имаат помал капацитет.

Натпреварувањето се ближи до својот крај а спектакуларната патека во Портимао е одлично финале за оваа фасцинантна сезона. Уживајте додека можете. Наскоро следува зимската пауза.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Damon престави две нови верзии на нивниот Hypersport модел. Машините имаат послаби перформанси но и нивната цена е помала.

Ducati престави лимитирана верзија на Diavel 1260 во чест на сестринската компанија, Lamborghini.

Преставена патеката по која ќе се вози релито Дакар 2021. Познатата трка повторно ќе се оддржува во Саудиска Арабија.

Honda повторно влезе во „big-bore“ крузер класата во 2021 со целосно новиот Rebel 1100, верзија на популарниот Rebel 500 која има поголем капацитет.

Данило Петручи вели дека бил многу тажен кога пред стартот на сезоната му било кажано дека нема да му биде продолжен договорот. Но сега, откако потпиша со КТМ, тимот кој изминатава сезона постигна три победи и осум пати се искачи на подиумот, Петручи вели дека е среќен поради таквата одлука на Ducati.

Kawasaki направи значајни промени кај познатиот ZX-10R за сезоната 2021.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.