Во недела на патеката во Портимао, Валентино Роси ќе ја заврши 15 годишната соработка со Yamaha.

На финалната трка од сезоната која се вози во Портимао, MotoGP ќе се збогува од неколку натпреварувачи, меѓу кои Кал Кратчлоу (нема да ја задржи истата позиција) и Андреа Довициозо (можно е да се врати во 2022).

Важно поглавје од кариерата се затвора и за Валентино Роси. После 15 години соработка со тимот на Yamaha, трката во Портимао ќе биде последна за Италијанецот во овој тим. Од следната сезона, тој ќе вози за сателитската екипа, Petronas.

Откако освои три титули со Honda, во 2004 година Роси премина во Yamaha и веднаш стигна до нова титула. Најдобар резултат меѓу возачите имаше и во 2005, 2008 и 2009 година. Во 2010 година доживеа сериозна повреда на ногата.

Докторот помина две неуспешни сезони во Ducati пред повторно да се врати назад во Yamaha во 2013 година. Иако не успеа да стигне до нова титула, Роси три сезони завршуваше на второто место во генералниот пласман. Во 2015 година загуби во последната трка од неговиот тимски колега, Хорхе Лоренцо а вкупно постигна десет победи.

 DSC3566 copy copy copy copy copy

„Недела ќе биде посебен ден бидејќи заедно поминавме многу “, вели Роси кој во недела исто така ќе се збогува и со дел од неговите механичари.

„Нашата приказна е поделена на два дела. Сакам да им се заблагодарам на сите во Yamaha што ми овозможија да се вратам по двете сезони поминати во Ducati. Навистина бев очеан и многу ми помогна тоа што се вратив во фабричкиот тим.“

„Во вториот дел не освоивме многу но сепак тоа беше едно неверојатно искуство. Ќе ми недостасува тимот.“

Во однос на тоа кои му се најдобрите спомени од Кратчлоу и Довициозо, возачот со број 46 изјави: „Крај на една кариера, или барем дел од кариера, тоа е нешто што никогаш не ми се допаѓа. Кал беше и Супербајк натпреварувач но мислам дека остави белег и во MotoGP. Имам многу спомени од него. Се боревме на многу трки. Се сеќавам на неговата прва победа во Брно во 2016 година. Тој беше прв а ја завршив на втората позиција.“

„Долго се познаваме со Довициозо. Заедно возевме уште кога имавме по 10-11 години. И со него имав многу борби. Се сеќавам на трката во Малезија во 2016 година, кога тој заврши на првата позиција а јас бев втор. Се боревме меѓусебно на секоја трка.“

Зборувајќи во Портимао во четвртокот, Роси изјави дека има една цел до крајот на сезоната.

„Нашата цел е да бидеме компетитивни. Ова е последна трка од сезоната. Не се борам за подобра позиција и затоа само сакам да имам добар настап во текот на викендот.“

Роси, кој заврши само 5 од 13 трки оваа сезона, во моментов се наоѓа на 15 место во генералниот пласман.

Следната година Роси и неговиот помлад брат, Лука Марини, заедно ќе бидат дел од MotoGP. Во сезоната 2021, Марини ќе вози за Avintia Ducati.

Back To Top