MotoGP

Портимао МотоГП: Жоан Мир: Знаев дека некој ме удри но не знаев дека тоа е Маркез

Актуелниот шампион Жоан Мир и Марк Маркез два пати дојдоа во контакт на трката во Портимао.

Следете нè на:

 

Актуелниот шампион Жоан Мир и Марк Маркез два пати дојдоа во контакт на трката во Портимао.

Жоан Мир и Марк Маркез многу ретко имаа можност да се сретнат на патеката уште откако Мир дебитираше во серијата во 2019 година. Но двајцата возачи дојдоа во контакт на трката во Португалија, која воедно беше и прва за Маркез после неколку месечна пауза.

Возачот со GSX-RR го имаше шестото претекнување кога налета на Маркез. Тој успеа да му се прикраде одвнатре во свиокот број 11 и во тој момент дојде до мал контакт помеѓу возачите.

Потегот беше карактеристичен за Маркез но овој пат, возачот со број 93 призна дека бил невнимателен после неколку месеци отсуство од трките.

 DSC4024 copy copy copy copy copy copy

После толку долга пауза, Маркез призна дека трката му била малку чудна и дека не бил сигурен кога треба да притисне на сопирачката. Поради тоа, неколку свиоци подоцна, повторно дојде до контакт помеѓу двајцата возачи. Овој пат, во свиокот борј 3, Маркез се удри во задниот дел од мотоциклот на Мир.

Вработените во HRC си помислија дека во тој момент ќе заврши трката за Маркез, но Шпанецот успеа да ја оддржи контролата над мотоциклот, иако испушти неколку места на табелата. Мир немаше никаков проблем и остана на третата позиција.

„Во првиот круг сакав да го претекнам но потоа тој го затвори пристапот. Беше премногу доцна за мене и поради тоа дојде до контакт помеѓу двата мотоцикли“, потврди Мир.

„Потоа, во следниот круг, почуствував дека ме удри нешто но не знаев дека тоа е Марк.“

Ниту еден возач не се жалеше на агресивен пристап. Според Мир, сето тоа се должело на лошиот настап во квалификациите.

„Ова се случува кога стартувате од деветата позиција“, вели Мир. „Ако сакате да се борите за титулата, тогаш морате да стартувате од првиот ред или пак морате да бидете агресивен како сега. Јас преферирам да стартувам од првиот ред.“

„Стартот не беше перфектен“, додава Мир. „Не можевме лесно да ги претекнеме другите возачи. Ако гледате внимателно, ќе видите дека не претекнав ниту еден возач на правецот, туку само во свиоците.“

Иако на два пати се најде под најдобрите тројца возачи на патеката, Мир на крајот успеа да го врати третото место и за прв пат оваа сезона се искачи на подиумот. Во моментов тој се наоѓа на петото место во генералниот пласман и заостанува 23 поени зад Фабио Куартараро.

„Мислам дека првите неколку патеки од сезоната, Катар, Портимао, Херез и Ле Ман, веројатно не се најдобри за Suzuki“, вели Мир. „Но на сите трки до сега се боревме за подиумот.“

„Штом тука успеавме да освоиме место на подиумот, сметам дека во Херез ќе биде полесно. Во моментов не мислам на титулата, туку планирам само од една до друга трка.“

Неговиот тимски колега, Алекс Ринс, излета надвор од патеката додека беше на второто место на табелата.

Маркез, кој ги освои првите бодови после трката во Валенсија во 2019 година, заостанува 52 поени зад лидерот Фабио Куартараро. До крајот на сезоната остануваат уште 16 трки.

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.