MotoGP

Портимао МотоГП: Маркез: Одлично е кога ќе завршите една трка

Марк Маркез вели дека не бил спремен за интензивна битка веднаш откако се вратил на патеката но останал смирен. Трката ја заврши како најдобар возач на Honda.

Следете нè на:

 

Марк Маркез вели дека не бил спремен за интензивна битка веднаш откако се вратил на патеката но останал смирен. Трката ја заврши како најдобар возач на Honda.

Марк Маркез не ги криеше емоциите откако после долгата пауза успеа да се врати на патеката. Под нормални услови, седмото место кое го освои во Портимао би се сметало за катастрофа, но после девет месеци пауза и три операции, самото враќање на патеката поранешниот шампион го доживеа многу емоционално.

„Јас сум личност која ги крие своите емоции но кога влегов во гаражата, едноставно не можев повеќе да издржам“, вели Маркез. „Долго време сонував за овој ден, да завршам една МотоГП трка. Тоа е најголемиот напредок во мојата рехабилитација. “

„Кога пристигнав во гаражата бев изморен но истовремено и не можев да ги сокријам емоциите. Прекрасно беше.“

Шпанецот имаше добар старт на трката и од шестата стигна до третата позиција. Сепак, Маркез вели и дека не бил целосно подготвен за интензивната борба во првите неколку кругови.

„Најтешко ми беше во првиот круг бидејќи не бев на своето место“, вели Маркез.

Интересна битка имаше меѓу Маркез и актуелниот шампион, Жоан Мир. Возачот на Suzuki го помина Маркез во првиот круг а потоа возачот со број 93 го удри задниот дел од мотоциклот на Мир.

Маркез вообичаено е добар кога се случуваат вакви работи но овој пат тој падна на деветото место.

„Во првиот круг не се чуствував како што треба“, признава Маркез. „Ја немав потребната брзина и немав контрола над мотоциклот. Потоа Мир и останатите возачи почнаа да ме претекнуваат.“

„Исто така е тешко, кога имате вака долга пауза, да знаете кога да притиснете на сопирачката или пак каде да се поставите на патеката. После 6 круга работите се стабилизираа. Да не беше така мислам дека немаше да ја завршам трката. “

„Дури тогаш вистински почнав да се тркам. Го подобрив ритамот и малку по малку се доближував до мојот најбрз круг.“

 DSC3954 copy copy copy copy

Во поголемиот дел од трката Маркез беше на деветото место, помеѓу Алеш Еспаргаро и помладиот од браќата Маркез, Алекс. Тој напредуваше откако неколку возачи пред него мораше да се откажат од трката.

„Се обидов да го претекнам Еспаргаро но во еден момент моето тело ми кажа дека е доволно. Последните пет или шест круга, само седев на мотоциклот и се обидував да ја завршам трката. Тоа беше најважно и затоа сум среќен што завршив само 13 секунди зад Куартараро.“

Вториот најбрз возач на Honda, Алекс Маркез, заврши со заостанување од 4.7 секунди зад Марк. Другата машина на LCR Honda со која возеше Такааки Накагами го освои десетото место. Тимскиот колега на Марк Маркез, Пол Еспаргаро, мораше предвреме да ја заврши трката поради проблеми со задната сопирачка.

 DSC5229

Маркез вели дека се уште не знае кога ќе биде целосно подготвен. Откри дека докторите му дале дозвола да вози но само ако намали со тренинзите помеѓу трките.

„Искрено не знам. Многу работи зависат и од трките, дали патеката бара поголем физички напор или не“, вели Маркез. „На пример, во последните седум круга, не можев да го допрам лактот. Возев во една многу чудна позиција. Не можев ништо да направам.“

„Исто така пред трката зборувавме со докторите кои ми кажаа дека ако сакам да настапам, тогаш ќе морам да ги намалам тренинзите дома. Тоа значи дека сега помеѓу трките нема да го возам мотоциклот. Три до четири дена само ќе вежбам со тегови.“

„Коската е добра но напорот на кој се изложува мора да биде постепен. Ова е уште една причина зошто ќе ми треба повеќе време да се вратам во форма. Но морам да ги следам советите на докторите.“

„Сега само кога ќе има трка ќе се качувам на мотоциклот. Потоа на следната контрола ќе видиме како се одвиваат работите и дали ќе можам да ги засилам тренинзите. Но следната контрола ќе биде во Херез.“

Херез, патеката каде Маркез ја скрши раката минатата година, ќе биде домаќин на МотоГП кон крајот на овој месец. Тој ќе ја започне трката со заостанување од 52 поени зад лидерот Куартараро. До крајот на сезоната остануваат уште 16 трки.

Би можело да ве интересира

Со новиот R 18 Transcontinental, BMW ја надополнува својата R 18 фамилија со т.н. голема американски турер. На овој модел се надоврзува и т.н. бобер, модел кој е именуван едноставно како R 18 B.

Кал Крачлоу ќе го замени возачот на Petronas Yamaha SRT, Франко Морбидели на двете трки во Австрија и следната во Велика Британија.

И покрај тоа што челниците на KTM во 2015 година најавија дека нема повеќе да прават супер брзи мотори кои припаѓаат на патеките а не на улиците, сепак еве демант, барем во некоја рака. 

Дани Педроса, сега тест возачот на Red Bull KTM Factory Racing за прв пат на патеката во Австрија ќе се појави со KTM RC16 во натпреварувачка конкуренција. 

Givi во својата богата понуда вклучи и универзално светло чија задача ќе биде да ја осветлува внатрешноста на вашиот куфер. 

Од чилеанскиот Каретера аустрал до украинските карпати, од канадските прерии до европските најпопуларни места за возење, глобалната мото заедница за прв пат се обедини и возеше, и виртуелно и физички, на првиот THE WORLD ADVENTURE WEEK организиран од страна на KTM и апликацијата Riser.

Реклами

Листа на мото настани

  • 30 Јули 2021 - 01 Август 2021
  • Мотодом Џинка
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.