После интензивната битка со мотоциклите на Ducati во Портимао, Жоан Мир го освои првиот подиум оваа сезона.

Светскиот шампион од сезоната 2020, Жоан Мир го освои првиот подиум оваа година откако на трката која се возеше во Португалија заврши на третото место веднаш зад Фабио Куартараро и Франческо Бањаиа.

Исто како и на првата трка во Катар, и овојпат Мир беше дел од една долга и интересна борба со возачите на Ducati, Јохан Зарко и Бањаи. На крајот, Италијанецот излезе како победник додека пак Зарко на неколку круга до крајот на трката излета надвор од патеката.

 DSC3929 copy copy

Овој пат местото на подиумот за Шпанецот дојде порано во споредба со шампионската сезона. Откако ги сумираше впечатоците од викендот, Мир изјави: „Севкупно гледано ова беше позитивен викенд. Можеби ова за мене не е најдобрата патека но и покрај тоа успеав да се најдам на подиумот.“

„За време на загревањето се чуствував навистина добро но некаде на средина на трката имав проблеми со предниот дел од мотоциклот. Поради тоа почнав да заостанувам.  Некаде кон крајот на трката работие се подобрија.“

Минатата сезона, после првите три трки, Мир имаше освоено само три бода. Сега тој се надевам дека работите ќе бидат подобри.

 DSC4024 copy copy copy copy copy

На трката во Австија минатата година тој го освои второто место. После тоа следуваше серија од седум подиуми на девет трки.

„Првиот чекор е да се дојде до подиумот. Мислам дека овој старт на сезоната не е лесен пред се бидејќи не ни одговара патеката во Катар. Но такви се и Херез и Ле Ман кои следуваат“, вели возачот на Suzuki.

„Но и на двете патеки се боревме за место на подиумот. Штом тука се искачивме на подиумот, се надевам дека така ќе биде и во Херез.“

„Не сакам да мислам на титулата, во моментов размислуваме од една до друга трка.“

Back To Top