„Станува се подобро и подобро. Искрено не можам да стартувам без него“ Алеш Еспаргаро
Според Алеш Еспаргаро, Aprilia уште од минатата година го развива „holeshot “ системот и во моментов тој е многу добар.
Стартниот уред на RS-GP, систем кој е монтиран на предната вилушка, стана познат во јавноста долго откако „ rear-lowering “ технологијата на Ducati се најде на насловните страни.
Уредот на Ducati беше забележан за време на тестовите кои се одржаа на патеката во јануари но возачот на Прамак, Џек Милер откри дека настапува со него уште од трката во Мотеги.

После трката во Брно и системот на Aprilia беше откриен. Но наместо екипата веднаш да започне со негова употреба и да биде конкурент на Ducati, тој претрпе одредени промени.
„Многу е добар“ ,вели Еспаргаро кој заврши на седмото место на трката во Арагон. Тоа за него беше најдобар пласман оваа сезона.„Минатата година почнавме да работиме со него и на почеток не знаев што е тоа. Но малку по малку тој стануваше се подобар и искрено не можам да почнам без него.“
„Сега чувствувам голема разлика иако сметам дека уште можеме да се подобриме. Сега имаме повеќе копчиња отколку што има пилотската кабина“, вели Еспаргаро.
Тркалата се клучен фактор при стартот на една MotoGP трка а уредот функционира на тој начин што го намалува центарот на гравитација. Тоа пак овозможува поголемо забрзување.
Се верува дека во моментов Ducati и Aprilia се единствените MotoGP производители кои користат нешто вакво.

Коментари