„Просечната брзина на Red Bull Ring е најголема во актуелниот MotoGP календар“

Андреа Јанон постигна време од 1 минута и 23.240 секунди на патеката Red Bull Ring која е долга 4326 метри. На тестовите присуствуваа сите тимови освен Repsol Honda и Tech 3 Yamaha. 

maniac

Тоа значи дека Јанон постигна просечна брзина од 187.1км/ч, брзина која е подобра од официјалниот рекорд кој беше постигнат на Филип Ајленд и кој изнесува 182.1км/ч.

И двете патеки имаат речиси иста должина, но Red Bull Ring има само 10 свиоци (7 десни и 3 леви), а патеката на Филип Ајленд има дванаесет свиоци (5 десни и 7 леви). Но сепак, патеката Филип Ајленд има правец во должина од 900 метри во споредба со патеката во Австрија која има правец со должина од 626 метри.

MotoGP викендот во Австрија ќе се оддржи од 12ти до 14ти август. Ова ќе биде прва трка на оваа патека по 1997 година.

Бери Шин го има постигнато најбрзиот просечен круг во MotoGP. На патеката во Белгија, во 1977 година, тој постигна брзина од 220.7км/ч.

Back To Top