„Четири години без да направам грешка. На серијата некогаш мораше да и дојде крајот.“ – Кејси Стонер

Кејси Стонер воопшто не тагуваше поради несреќата што ја доживеа во средата на MotoGP тестовите во Австрија. Ова е негов прв пад во MotoGP после четири години.

Пензионираниот двократен светски шампион на првиот ден од тестирањето заврши на четвртото место. На вториот ден тој се најде на третото место, а во обидот да го подобри своето време, тој ги замени пневматиците со кои возеше со помека верзија.

Во шестиот свиок, Австралиецот излета од патеката и остана со заостанување од 0.625 секунди зад возачите на Ducati, Андреа Јанон и Андреа Довициозо.

Stoner gp16

Зборувајќи подоцна во текот на вечерта, Стонер изјави: „Да бидам искрен, на свиокот пред да паднам, прв пат ја притиснав гаста посилно после неколку години. На секој тест возиш по одредена шема. Нема потреба да преземаш ризици. “

„За прв пат после неколку години возам со меки пневматици. Шансите да паднам беа поголеми на претходниот свиок. Но се помина во најдобар ред. Потоа влегов во следниот свиок и паднав.“

„Тоа беше малку чудно за мене но очегледно причината за падот беше мекиот пневматик. Во изминативе два дена возевме со тврда гума. Веројатно малку поголема тежина се префрли од задниот на предниот дел и не бев подготвен за тоа.“

„Тоа се случи кај шестиот свиок. Дури не го ни навалив мотоциклот колку што требаше. Во исто време се чувствувам добро но и разочарано. Четири години без да направам никаква грешка. На серијата некогаш мораше да и дојде крај!“

Возачите на Ducati доминираа на тестовите во Red Bull Ring, завземајќи ги првите четири мести на двата дена од тестовите. Следниот месец, патеката ќе биде домаќин на првата MotoGP трка во Австрија по 1997 година.

„Сериозно работиме на мотоциклот. Стабилноста при сопирање е навистина добра. Во овој момент не гледам никаква слабост,“ изјави Стонер за мотоциклот на Ducati.

„Можеби можеме да го подобриме мотоциклот, но се уште ја немаме најновата шасија која ја тестирав во Мизано.“

Јанон,кој беше за 0.440 секунди подобар од Довициозо, ја користеше новата шасија.

Back To Top