Објавен е техничкиот извештај од фаталната несреќа на Луис Салом која се случи за време на Moto2 трката во Каталуња.

FIM го објави техничкиот извештај во кој се наведени наодите од фаталната несреќа што ја доживеа Луис Салом за време на првиот слободен тест од Moto2 трката која се оддржа во Каталуња во Мај.

24 годишниот возач им подлегна на повредите по несреќата која се случи на дванаесетиот свиок на патеката.

salom rip

Техничкиот извештај, кој беше направен од техничкиот директор, а во присуство на експертот Енгле Калзада Гомез и независниот експерт Луис Леонарт Гомез, потврди дека пневматиците не придонеле за несреќата.

Според извештајот, лошиот момент на сопирање е причина за несреќата, но директниот контакт со мотоциклот кој настанал веднаш потоа, придонеле за фаталните последици.

Иако од тимот сугерираа дека испакнатите делови пред свиокот број 12 имале влијание, во извештајот се наведува дека не постојат доволно докази за тоа.

„Потврдувајќи ја првичната анализа, господинот Гомез во својот извештај наведе дека неговите податоци покажуваат дека во моментот на несреќата, мотоциклот бил за 4км побавен отколку во неговиот најбрз круг, но во моментот на запирање возачот бил за 7 или 8 метри поблиску до свиокот отколку во најбрзиот круг. Тој потврди дека на правецот меѓу двата свиоци, имало мало намалување на гаста. Според господинот Гомез, можно е возачот за момент да погледнал назад, а кога повторно погледнал пред него, погрешно ја прочитал неговата моментална позиција или бил малку надвор од линијата. Тоа би можело да доведе до посилно сопирање, што е и наведено во извештајот. Како резултат на тоа што бил надвор од линијата на движење и силното притискање на сопирачките, предното тркало ја загубило тракцијата. Господинот Гомез потврди дека не забележал нешто сомнитено. Исто така потврди и дека во податоците немало докази дека на делови од патеката имало испакнати делови. “

Back To Top