2021 Sepang MotoGP Shakedown е префрлен во Катар.

Возачите кои се дел од MotoGP серијата ќе имаат само еден официјален тест пред стартот на сезоната 2021.

Новата сезона досега традиционално почнуваше со оддржување на „Shakedown“ во Малезија. Тука настапуваа тест возачите, дебитантите и тимовите кои имаат концесија. Веднаш потоа, на истата патека, следуваше и официјалниот тест на кој настапуваа сите возачи.

Сепак, Малезиската влада неодамна ги засили рестриктивните мерки а поради пандемијата со коронавирусот откажани беа двата настани во Сепанг.

Извршниот директор на IRTA, Мајк Тримби, за Crash.net изјави дека иако официјалниот тест е откажан, Shakedown е префрлен и ќе се оддржи во Катар.

Во Лосаил ќе се оддржи официјалниот MotoGP тест а потоа, од 26-ти до 28-ми март ќе се вози и првата трка од сезоната.

 DSC5173 copy copy copy

Тоа значи дека дебитантите, Марко Безеки, Лука Марини и Хорхе Мартин, ќе ја почнат сезоната со само шест дена поминати на патеката наместо девет како што беше првично планирано.

Иако сите тимови сега ќе мора да ги носат одлуките врз податоци кои се собрани само од една патека, се чини дека екипата на КТМ губи најмногу.

Започнувајќи ја минатата сезона со техничка концесија, која потоа ја загубија поради трите победи и осумте места на подиумот, КТМ и Aprilia добија дозвола да направат промени на моторот за сезоната 2021.

Но за разлика од Aprilia, дизајнот на моторот на КТМ ќе биде фиксиран штом ќе почне сезоната. Тоа значи дека сите проблеми со новиот RC16 мораат да бидат идентификувани за време на претсезонските тестови.

Според специјалното „Ковид“ техничко правило, Suzuki, Ducati, Yamaha и Honda до крајот на 2021 година мораат да го користат дизајнот на моторот од 2020 година.

А за разлика од минатата сезона, оваа година сите тимови добија дозвола и можат да ги подобрат аеродинамичните пакети.

Откажувањето на тестот во Сепанг значи и дека се откажува планираната презентација на Petronas Yamaha на која требаше да бидат преставени Валентино Роси и Франко Морбидели.

Back To Top