КТМ и формално потврди дека ќе биде дел од MotoGP уште пет години а до крајот на сезоната 2026 на патеката се очекува да има четири RC16 машини.

КТМ стана последната екипа која го потврди своето учество во MotoGP во наредните пет години. Со оваа одлука, тие ќе останат дел од серијата се до 2026 година.

Иако се очекува сите пет производители да стават потпис на новиот договор на Dorna, KTM уште претходно соопшти дека планира да остане дел од шампионатот и во следните неколку години.

Ваквата објава следува по спектакуларните резултати кои тимот ги постигна кон крајот на минатата сезона. За време на сезоната 2020, екипата победи на три трки.

Со договорот се обезбедува и иднината на Tech 3 Racing, екипата која со помош на Мигел Оливеира минатата година дојде до две победи.

„Многу сум среќен што можам да објавам дека потпишавме пет годишен договор со Dorna“, вели Пит Беирер, директор на KTM Motorsport. „Сакам да ја искористам оваа прилика да и се заблагодарам на Dorna, а особено на Кармело Езпелета. Заедно веќе поминавме четири прекрасни години и тие покажаа дека се професионален партнер.“

„После само неколку години проектот веќе има стабила основа и затоа мислам дека ова е позитивен чекор.“

 DSC4258 copy

КТМ се покажаа како одличен тим минатата година, која за нив беше четврта во серијата откако дебитираа во 2017 година. Оливеира и Бред Биндер заедно постигнаа три победи а Пол Еспергаро пет пати се искачи на подиумот.

Екипата имаше навистина интензивни подготовки во пресрет на сезоната 2020 а нив ги предводеше поранешниот возач на Repsol Honda, Дани Педроса, кој се приклучи на тимот во 2019 година.

„Влезот во MotoGP беше голем чекор и знаевме дека шансите за успех ни се мали. Сепак, никој не се сомневаше во идеите, желбата и енергијата која ја имаше во тимот,“ додаде Хуберт Трункенполз, член на одборот на KTM AG.

„За само четири кратки години успеавме да се етаблираме и да ги кренеме стандардите. Навистина сме горди на импактот кој го направивме. Веќе ги гледаме резултатите од успехот кој го постигнавме во шампионатот. Пресреќни сме што и во иднина ќе останеме дел од серијата бидејќи пред нас има навистина возбудливи проекти.“

Од екипата засега не ги откриваат плановите за Moto2 и Moto3 категориите. Иако ја повлекоа шасијата од Moto2 серијата, КТМ останува главен партнер на Ajo Motorsport. Шасијата која е дел од Moto3 останува популарна и ќе биде дел од брендовите GASGAS и Husqvarna кои се во сопственост на КТМ.

Во однос на MotoGP класата, Еспаргаро премина во Repsol Honda а Оливеира ќе му се приклучи на Биндер во фабричкиот тим. Данило Петручи и Икер Лекуона во иднина ќе бидат дел од Tech 3 KTM.

Back To Top