Валентино Роси е убеден дека можат да имаат добра трка и покрај слабостите на Yamaha.

Веднаш по завршувањето на квалификациите за трката во Муџело минатата година, кога Валентино Роси стана најстариот возач кој успеал да освои пол позиција, еден од неговите механичари изјави:

„Луѓето зборуваат за неговата возраст, колку долго го прави тоа и како се уште има мотивација. Но луѓето забораваат и дека тој едноставно е многу брз. Денеска мотоциклот беше добар, но тој ја направи целата разлика.“

Резултатот кој го постигна 39 годишниот возач од 1 минута и 46.208 секунди беше нов рекорд на патеката во Муџело и покрај поголемата брзина на мотоциклите на Ducati.

Но иако Роси одамна нема стигнато до победа на оваа патека, во изминативе пет години тој постојано се наоѓа на подиумот или се квалификува да стартува од првиот ред.

Rosi txt 30 05

Роси, кој одлучи да настапи се неколку постари делови на неговиот мотоцикл оваа година, е убеден дека може да има добар настап и покрај недостатоците кои ги има Yamaha.

„Мило ми е што ќе настапам на оваа патека. Ова ќе биде специјален викенд и специјална трка за сите Италијански возачи“, вели Роси. „Има одлична атмосфера“.

„Таа е една од најубавите патеки. Навистина ми се допаѓа но морам да признаам дека ќе биде многу тешко бидејќи сите возачи сакаат да стигнат до победа на оваа трка. Мораме да дадеме се од себе за да бидеме компетитивни.“

„Докторот“, во текот на досегашниот дел од сезоната два пати се искачи на подиумот а еднаш стартуваше од првиот ред. Во моментов е на четвртото место на табелата со заостанување од 23 поени зад лидерот Марк Маркез. Местото на подиумот кое го освои минатата година на оваа патека значеше и прекин на серијата од 25 трки без искачување на подиумот. Сепак, на 32 трки по ред, тој нема постигнато победа.

„Валентино е секогаш мотивиран, но оваа трка значи нешто повеќе за него. Ова е негова домашна трка а на последниот настап беше многу блиску до место на подиумот“ , изјави тимскиот директор Масимо Мерегали.

Возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели е следниот најдобар возач на Yamaha и во моментов се наоѓа на осмото место. Тимскиот колега на Роси, Маверик Вињалес се наоѓа на десетото место во генералниот пласман.

Back To Top