Алекс Ринс вели дека добриот настап на Suzuki за време на квалификациите е од клучно значење за Италијанската Гран При трка.

Алекс Ринс смета дека добриот настап на Suzuki за време на квалификациите е од клучно значење за Италијанската Гран При трка и дека ќе се обиде да постигне подобар резултат отколку на последната трка која се возеше во Ле Ман.

За прв пат на последните единаесет трки, Шпанецот не заврши меѓу најдобрите пет возачи.

Alex Rins txt 30 05

Ринс вели дека учи од грешките и дека ќе се обиде да има добар настап во Муџело. Минатата година на оваа патека заврши на петата позиција. Оваа сезона тој досега не успеа да се квалификува да стартува од првите два реда. Најдобар старт оваа сезона му е од седмата позиција на трката во Тексас, на која и успеа да победи.

„Муџело е патека која бара голема концентрација но воедно е и една од најинтересните во шампионатот. Секогаш е возбудливо кога се тркате тука а голема заслуга за тоа имаат фановите кои не бодрат во текот на целиот викенд “, вели Ринс.

„Во Ле Ман имавме дефанзивна трка и успеавме да освоиме поени. Сепак, мораме да учиме од малите грешки и да станеме повеќе конзистентни и ефикасни.“

„Муџело ќе биде важен тест. Мораме добро да ги стартуваме квалификациите и да ги искористиме предностите кои ги има нашиот мотоцикл.“

И покрај разочарувачкото десето место на трката во Ле Ман, Ринс е на третото место во шампионатот со заостанување од 12 поени зад возачот на Ducati, Андреа Довициозо и 20 поедни зад лидерот Марк Маркез.

Back To Top