Пред нас е стартот на сезоната 2020 од WorldSBK серијата и сите возачи си поставуваат едно праање: Може ли некој да го спречи Џонатан Реа да не ја освои шестата титула?

Имаше еден период пред девет месеци кога се чинеше дека конечно ќе заврши победничката ера на Џонатан Реа во Супербајк шампионатот. Токму во овој период, Алваро Баутиста најави дека ќе го напушти MotoGP и ќе премине во WorldSBK серијата. Но, претпоставките се покажаа како погрешни а Реа продолжи да победува. На крајот, не само што заврши на првото место, туку и беше доминантен во својот настап.

Сезоната која е веќе зад нас беше интересна и од една друга причина. Реа и Баутиста се бореа за титулата но двајцата возачи немаа ниту еден директен дуел на патеката.

А пред стартот на новата сезона од серијата, повторно се поставува истото прашање: Ќе може ли некој да го победи Џонатан Реа во борбата за титулата?

Bautista WSBK txt 1 28 02

Алваро Баутиста - HRC Honda

Ќе почнеме со возачот кој имаше најголеми шанси минатата година да го симне од тронот Џонатан Реа, иако конечниот резултат можеби и не го покажува тоа. Минатата година Баутиста победи на 16 трки во споредба со Реа кој имаше 17 победи. Сепак, годината ја заврши со заостанување од 165 поени...Иако ги имаше сите услови да стигне до титулата минатата година, 2020-та Баутиста ќе ја почне како возач кој е дел од новиот Honda WorldSBK проект.

Барем на хартија, проектот навестува дека ќе може рамноправно да се носи со Реа и Kawasaki. Не треба многу да се зборува за Honda, познавајќи ги нивните успеси во MotoGP, а Баутиста очигледно знае како да победува. Иако многумина се прашуваат дали Honda и нивниот CBR1000RR-R Fireblade ќе можат да победуваат уште од самиот старт на сезоната, според резултатите што ги видовме за време на тестовите веруваме дека машината е способна за такво нешто.

За жал Баутиста не беше возачот кој ги постигнуваше добрите резултати на тестовите. Иако Реа е скептичен и верува дека Баутиста ќе му биде конкуренција, останатите возачи во серијата сметаат дека тој се уште не е навикнат на новата машина.

Можеби нема да успее во борбата за титулата, но сигурни сме дека до крајот на сезоната Баутиста ќе има неколку победи.

Redding WSBK txt 2 28 02

Скот Рединг - Aruba.it Ducati

Новиот фаворит на фановите оваа сезона во WorldSBK. Поранешниот MotoGP возач виде што може Баутиста да постигне со Ducati Panigale V4 R и ќе се обиде да ги исполни високите очекувања кои си ги има поставено.

Но во реалноста, малкумина веруваат дека ке има настап сличен на оној што го имаше Баутиста. Сепак Panigale V4 R е навистина моќна машина и добро се покажува за време на трките. Затоа веруваме дека Рединг ќе биде еден до возачите кои ќе покажат најмногу.

Рединг дефинитивно може да се носи со Реа но останува да видиме дали ќе може да биде и конзистентен како Ирецот.

Razgatlioglu WSBK txt 3 28 02

Торпак Разгатлиоглу - Pata Yamaha WorldSBK

Единствениот возач кој успеа да го победи Реа во последните етапи од минатогодишната сезона, многумина со нетрпение чекаат да го видат настапот на Торпак Разгатлиоглу во сезоната 2020.

Преминот од приватната Kawasaki машина на фабричкиот мотоцикл на Yamaha се чини дека малку го скроти неговиот стил на возење. Но тоа наместо да им наштети на неговите способности се чини дека им помогна уште повеќе да се развијат. Разгатлиоглу има многу оружја во својот арсенал и сигурно Реа убаво ќе се размисли пред да влезе во директен дуел со него.

Овој возач има голем потенцијал и се надеваме дека оваа сезона сето тоа ќе излезе на виделина.

van der Mark WSBK txt 4 28 02

Мајкл ван дер Марк - Pata Yamaha WorldSBK

Откако Алекс Ловс премина во Yamaha, Мајкл ван дер Марк во новата сезона ќе има многу поголем предивик пред себе, тимскиот колега Торпак Разгатлиоглу.  Но можеби токму тоа ќе му помогне да ги подобри перформансите за да може редовно да се бори за победа со Џонатан Реа. Веќе знаеме дека Холанѓанецот е квалитетен возач и кога е расположен многу тешко некој може да го победи. Сепак, во поголемиот дел од неговата кариера во WorldSBK, тој е само најдобриот од останатите возачи.

Новата и подобрена Yamaha R1 би требало да му помогне да ги промени работите. А доколку сака да го сметаат за сериозен кандидат за титулата, па дури и за главен возач во тимот, ќе треба уште на првата трка во Австралија да има добар настап.

WSBK rest txt 5 28 02

Кој друг би можел да му се спротистави на Џонатан Реа?

BMW беа повлечени во текот на зимата но тимот има потенцијал да изненади, особено поранешниот колега на Реа, Том Сајкс и неговиот S1000RR. Придобивките кои ги има мотоциклот после една година развој како и можноста на Сајкс да го извлече максимумот за време на квалификациите,  ќе биде големо изненадување доколку оваа сезона не видиме барем една победа на BMW.

Чез Дејвис долго време беше главен ривал на Реа но тој тешко се справува со Panigale V4 R машината. Работите малку се подобрија кон крајот на сезоната 2019 но од она што го видовме за време на тестовите, се чини дека проблемите со кои се соочува Дејвис се многу поголеми.

Можеби Баутиста се уште се навикнува на новата машина но затоа искусниот Леон Хаслам имаше добри подготовки. Иако не е еден од фаворитите за титулата, мораме да сметаме на него само поради неговата конзистентност и издржливост.

Алекс Ловс ќе има тешка задача да се докаже ако се знае дека ќе настапи со иста машина како и Џонатан Реа. На тестовите беше солиден но тешко дека ќе биде нешто повеќе од втор возач на тимот.

2020 WorldSBK - Round 1 - Phillip Island, Australia
Weekend Schedule
FRIDAY Session AUS time UK time  
WorldSBK FP1 10:30 - 11:20 23:30 - 00:20 * Thurs PM UK
WorldSSP FP1 11:30 - 12:15 00:30 - 01:15  
WorldSBK FP2 15:00 - 15:50 04:00 - 04:50  
WorldSSP FP2 16:00 - 16:45 05:00 - 05:45  
SATURDAY
WorldSBK FP3 10:00 - 10:20 23:00 - 23:20 * Fri PM UK
WorldSSP FP3 10:35 - 10:55 23:35 - 23:55 * Fri PM UK
WorldSBK Superpole 12:15 - 12:40 01:15 - 01:40  
WorldSSP Superpole 12:55 - 13:20 01:55 - 02:20  
WorldSBK RACE 1 15:00 04:00  
SUNDAY
WorldSBK Warm-up 09:30 - 09:45 22:30 - 23:45 * Sat PM UK
WorldSSP Warm-up 09:55 - 10:10 22:55 - 23:10 * Sat PM UK
WorldSBK Superpole RACE 12:00 01:00  
WorldSSP RACE 13:15 02:15  
WorldSBK RACE 2 15:00 04:00  
Back To Top