Валентино Роси вели дека е убеден дека може да се бори за титулата.

Валентино Роси вели дека е убеден дека може да се бори за титулата. Откако на последната трка која се возеше во САД заврши на второто место, Италијанецот смета дека има шанси за нова титула.

Иако беше победен во последните етапи од трката од страна на Алекс Ринс, Роси имаше добар почеток на годината, на трките во Тексас и Аргентина заврши на второто место додека пак во Катар беше петти.

Сега само треба да ја оддржи формата. Но не заборавјте, Роси и минатата сезона ја започна добро но штом трките се префрлија во Европа, неговата форма почна да паѓа. Клучот, како што вели, е во подобрувањата на Yamaha во текот на сезоната.

„Се уште е рано да се каже што ќе се случи но досега имавме некои позитивни работи. Минатата сезона не освоив толку рано две втори места. Во моментов, MotoGP многу наликува на Формула 1 каде што сите постојано се подобруваат.“

Rosi txt 1 24 04

„Во 2017 година, после трката во Остин бев на првото место на табелата но кога дојдовме во Европа, Honda и Ducati значително се подобрија. Втората половина од сезоната беше многу лоша. Задоволни сме од она што досега го постигнавме но мораме да продолжиме со напредокот. Бевме навистина силни во првите три трки од сезоната и мораме да продолжиме по истата насока.“

Добрата вест за Роси е тоа што тимскиот шеф, Масимо Мерегали вели дека тимот гради значително подобар пакет во споредба со минатогодишниот.

„Кога ќе отидеме во Херез ќе добиеме значителни подобрувања. И минатата година имавме добар старт на сезоната но работите станаа полоши после трката во Херез. Оваа година Херез ќе биде доказ на се што досега имаме постигнато“, вели Роси.

„Во изминативе неколку сезони, секоја трка ни беше како да е прва од сезоната и во текот на викендите менувавме многу работи. Досега основата ни е иста и е навистина добра. Секако дека сакаме да ја зголемиме моќноста но тоа е навистина тешко да се направи. Барем можеме да го подобриме забрзувањето. Ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи во Херез.“

Back To Top