„Работат со безбедносната комисија. Порано или подоцна мислам дека ќе отидеме таму“ – Марк Маркез.
Во моментов, најмалку четири земји преговараат наскоро да се приклучат на MotoGP. Во август, на патеката во Финска ќе се одржи тестирање а се очекува во 2020 година таа и целосно да се приклучи на серијата. А доколку патеките во Бразил и Индонезија бидат готови навреме, веќе од 2021 година тука би можеле да се одржат трки од MotoGP шампионатот.
Во меѓувреме Мексико, кој дури беше кандидат да се приклучи на календарот уште од оваа сезона, би можел следната година да биде домаќин доколу се извршат неопходните модификации на патеката.
„Знаеме дека наскоро би можеле да заминеме таму и би било навистина добро доколку има трка во Мексико. Но прво, патеката мора да ги реши безбедносните прашања“ , изјави актуелниот шампион, Марк Макрез.
„Работат со безбедносната комисија. Порано или подоцна мислам дека ќе отидеме таму.“

Валентино Роси исто така вели дека е подготвен за тркање во Мексико но само доколку се исполнат безбедносните услови.
„Мексико е одлично место, многу е забавно“, вели Роси. „Но за нас е многу важно патеката да биде добра. Доколку тоа е исполнето, тогаш сигурно ќе настапиме таму.“
Сепак, Кал Кратчлоу вели дека би настапил на трката дури и во вакви услови на патеката.
„Би сакал да возам таму. Дали зборуваме за истата патека на која се вози Формула 1? Таа ми се допаѓа. Секако, доколку успеат да ја подобрат безбедноста, тогаш би било уште подобро“, вели Англичанецот.
„Уживам кога ја гледам Формула 1 трката која се вози на оваа патека. Секогаш е интересна. “
„Но не знам дали MotoGP ќе отиде таму. Се надевам дека ќе се случи тоа во иднина.“
Во моментов, MotoGP календарот има 19 трки. Последната патека која се приклучи на серијата беше онаа во Тајланд во 2018 година.

Коментари