„Сиахрин мора да покаже напредок и подобрување но исто така и да ја намали разликата со тимскиот колега“ – Ерв Поншарал

Хафиз Сиахрин има слаб почеток на неговата KTM MotoGP кариера. На досегашните три трки, тој го освои последното место во Катар, во Аргентина беше претпоследен а повторно се најде на последната позиција на трката која се оддржа во Тексас.

Дополнителен притисок на Малезискиот возач преставува и фактот што неговиот тимски колега, Мигел Оливеира, кој исто така е дебитант, досега има освоено седум поени.

Покрај ова, Сиахрин се уште го нема достигнато темпото на неговиот тимски колега. Во Катар заврши со заостанување од 26.9 секунди зад Оливеира, во Аргентина разликата изнесуваше 9.7 секунди а во Тексас 23.4. Оливеира исто така е подобар и за време на квалификациите а Сиахрин на сите три трки стартува од претпоследната позиција.

Siahrin txt 2 24 04

Ова време минатата година Сиахрин веќе имаше освоено девет поени во Moto3 серијата а за малку на крајот му избега наградата за дебитант на сезоната. Колку само за споредба, на последната трка, Сиахрин заостануваше дури 20 секунди зад Јоан Мир кој беше на седумнаесетата позиција.

„Хафиз во моментов не разочарува бидејќи го знаеме неговиот потенцијал“  , изјави тимскиот менаџер Ерв Поншарал по завршувањето на трката која се возеше во САД. „Неговата форма постојано се менува, понекогаш е побрз за две секунди во споредба со претходниот круг и не знам како може да има толкава разлика.“

„Има подобар старт од Мигел но од круг во круг тој е се послаб. Јас никогаш не сакам кога сум на последната позиција.“

„Разликата беше огромна и пред завршувањето на трката видовме дека пред него нема никој. Така и мотивацијата ви се намалува.“

„Се уште треба подобро да го научи мотоциклот и да биде поконзистентен будејќи тоа му е многу повеќе потребно.“

„Се уште сме на стартот на сезоната но Хиафиз мора да покаже напредок а плус и да ја намали разликата со тимскиот колега.“

Siahrin txt 1 24 04

Сиахрин пак смета дека лошиот настап во Остин се одлжи на погрешниот избор на пневматици, иако настапи со истиот сет на гуми како и неговите колеги од КТМ.

„Малку сум разочаран бидејќи испробавме различен сет на гуми. Но се чинеше дека тие не беа правиот избор. Уште од самиот старт на трката почувствував дека сум послаб, не можев добро да го сопрам мотоциклот“ , вели Сиахрин.

„Беше тешко да ја одржам брзината и тоа ми ја одзеде сета енергија. Не знам зошто беше така но се надевам дека во Херез ќе бидеме подобри.“

На следната трка, Поншарал потврди дека Tech 3 исто како и КТМ ќе ги добие подобрување.

„Сега одиме во Европа на патека која ја познаваме. Сигурно дека ќе добиеме подобрување од КТМ а тестовите кои ги направивме се ветувачки.“

Оливеира, кој трка во САД ја заврши на четиринаесетата позиција, исто така со нетпрение ја очекува првата Европска трка.

„Сега одиме во Херез на патека која многу ни се допаѓа. Мотоциклот делува како да е добро подготвен.“

„Научивме многу работи од последната трка и подобро разбравме како функционира мотоциклот. Треба само малку да го променам начинот на кој возам за да ми биде поудобно додека сум на мотоциклот.“

Back To Top