(Време на читање: 1 минута)


Сузуки денеска официјално го презентираше Suzuki ECSTAR МотоГП тимот за кој годинава ќе настапуваат Алеш Еспергаро и Маверик Вињалес.

team suzuki ecstar maverickdavidealeix

Сузуки денеска официјално го презентираше Suzuki ECSTAR МотоГП тимот за кој годинава ќе настапуваат Алеш Еспергаро и Маверик Вињалес.

Иако тимот од претходно и беше познат на јавноста, на денешната прес конференција беше презентиран новиот главен спонзор, брендот на моторни масла Ecstar чие име е додадено и во името на тимот. Ecstar е моторно масло кое се произведува од 1984 година како оригинален производ на Сузуки.

Освен презентацијата на возачите, боите на моторите и новиот спонзор, од тимот презентираа и парцијални технички карактеристики за GSX-RR. Според нив моторот со зафатнина од 1000цм3 ќе развива повеќе од 230кс податок кој е веќе познат со оглед на тоа што Карел Абрахам во 2012 година објави дека неговото не-фабричко Дукати развива 250кс. GSX-RR е придвижуван од агрегат е со водено ладење, четворотактен линиски мотор со четири цилиндри и DOHC 4-вентили.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: