(Време на читање: 1 - 2 минути)


На прес конференција во Јапонија, под-претседателот на Јамаха г-н. Такаки Кимура најави дека Валентино Роси и Хорхе Лоренцо оваа сезона во МотоГП шампионатот на своите YZR-M1 ќе го користат новиот „seamless“ менувач.

150306 2 104 0.middle

На прес конференција во Јапонија, под-претседателот на Јамаха г-н. Такаки Кимура најави дека Валентино Роси и Хорхе Лоренцо оваа сезона во МотоГП шампионатот на своите YZR-M1 ќе го користат новиот „seamless“ менувач.

Како што најавија од Јамаха, YZR-M1 2015 ќе носи целосно олеснет менувач кој ќе функционира во двете насоки, при менување на степени нагоре и надолу, нешто што треба да им помогне при кочењето, поминувањето низ кривините како и забрзувањето.

„За време на вториот тест на Сепанг бевме во можност да го тестираме новиот менувач. Сепак за максимално да ги искористиме неговите можности сега треба да работиме на подобрување на шасијата и електрониката. Ќе продолжиме да работиме на подобрување на подесувањата на моторот на следниот тест во Катар, а целта е да забележиме победа на првата трка од сезоната“ - изјави Такаки Кимура на прес конференцијата

За потсетување, следниот и последен тест е закажан на патеката Лосаил во Катар од 13-16 март, а вистинските возбудувања во МотоГП шампионатот започнуваат на 29 март со првата трка на патеката во Катар.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: