Тимот на Априлија ги претстави боите на моторите со кои Марко Меландри и Алваро Баутиста годинава ќе се обидат да го искачат Италијанскиот бренд во височините на најдоброто светско натпреварување - Мото Гранд При.

19 Melandri Bautista

Италијанскиот конструктор реши да си ги испроба силите во МотоГП откако покажа дека во Супербајк шампионатот за релативно кратко време стана доминантна сила. Априлија зад себе има 54 шампионски титули во мотоспорт трките во кои за прв пат се појави во 1992 година. Априлија во 2006 година стана дел од Пијаџо семејството, од тогаш до денеска забележа 28 шампионски титули, меѓу кои се и импресивните 7 титули во Супербајк шампионатот.

На денешната презентација на која присуствуваше директорот Роберто Коланињо како и спортскиот директор Романо Албесиано беше потенцирано дека Априлија се приклучи на МотоГП во 2015 со цел да го развие моторот, да го истражи потенцијалот на V4 агрегатот за време на трките, за во 2016 година да претстават целосно фабрички прототип кој според нив ќе може да им се спротистави на останатите водечки производители на мотори.

Back To Top