Валентино Роси не верува дека може да дојде до титулата во сезоната 2019.

Валентино Роси не верува дека може да дојде до титулата во сезоната 2019. И покрај тоа што заврши на петото место на трката која се возеше во Ле Ман, Италијанецот смета дека поради моменталните правила за развојот на моторот кои важат во MotoGP, Yamaha не може да работи на подобрувањето на М1. Откако две сезони имаше проблем со забрзувањето и стабилноста, Роси вели дека овие проблеми сега се далеку зад него. Сепак, поради послабата моќност на мотоциклот, мали се шансите да дојде до титулата.

Деветкратниот шампион имаше меѓу најслабите времиња на патеката а со оглед на тоа дека инжињерите повеќе не можат да работат на подобрување на моторот, Роси смета дека многу малку може да направи во борбата за титулата.

Rosi txt 31 05

„Се обидов да се борам со мотоциклите на Ducati за место на подиумот но не бев доволно брз. Се чини дека сега немаме проблеми со пневматиците и со забрзувањето како што имавме минатата сезона. Направивме подобрувања, што е позитивно, но се чини дека имаме проблеми на правите делови од патеката“, вели Роси.

„Ја подобривме издржливоста на гумите и сега мотоциклот е подобар за возење. При сопирањето сум далеку подобар. Но мислам дека и другите тимови имаат големи подобрувања, особено Honda, и сега разликата на правите делови е голема. И во минатото Yamaha не била најбрзиот тим на патеката, но сега разликата е многу поголема.“

Иако можеби е рано да се отпише од борбата за титулата,особено бидејќи се наоѓа на четвртото место на табелата, Роси вели дека сега единствено ќе се концентрира на секоја трка оделно и нема да размислува за преземање на првото место на табелата.

„На сите делови можеме по малку да се подобриме бидејќи мислам дека сум најбавниот возач на Yamaha. Можеби ќе најдеме нешто кај забрзувањето што ќе може да ни помогне. Работата е во тоа што моторот е таков каков што е и не верувам дека оваа година можеме многу да се подобриме.Таква е ситуацијата и мораме да го дадеме максимумот за да можеме да се бориме за место на подиумот. Мотоциклот е добар за возење и има позитивни работи но резултатите повеќе или помалку ќе зависат од патеката на која се натпреварување. Ова е реалноста.“

Back To Top