Алекс Ринс ќе носи специјална розева кацига на трката која овој викенд ќе се оддржи во Арагон со цел да ја подигне свеста за ракот на градите. Не само што ќе носи таква боја во текот на викендот, туку Ринс побара и од своите фанови да се вклучат во акцијата и да ги поддржат неговите напори.

rins 001

Покрај кацига, тој ќе биде опремен и со специјални розеви чизми и ракавици, а веднаш по трката тие ќе бидат дадени на аукција. Сите собрани средства ќе бидат донирани на шпанската асоцијација за борба против ракот.

Ова ќе биде негова прва домашна трка откако поради повреда ги пропушти Херез и Барселона. Сепак вели дека е убеден дека ќе има добар викенд.

„Мислам дека во добар момент одиме во Арагон. Од почетокот на сезоната, постепено стануваме се подобри и полека го учиме GSX-RR. Малку по малку стануваме се посилни и се надевам дека во Арагон ќе продолжиме во ист стил. Ова ќе ми биде прва трка во Шпанија бидејќи претходните ги пропуштив поради повреда.Секако дека публиката ќе ми биде дополнителна инспирација. “

Back To Top