(Време на читање: 1 - 2 минути)

Марк Маркез имаше уште еден одличен настап на трката во Арагон и ја зголеми предноста во шампионатот на 16 поени. Иако на моменти изгледаше како да вози на самиот лимит, сепак во својот веќе препознатлив стил, во последните неколку круга успеа да стигне до нова победа.

mm 8

Во тоа голема помош имаше и од тимскиот колега Дани Педроса кој успеа да му го земе второто место на Хорхе Лоренцо. Сепак, возачот на Ducati не беше премногу разочаран бидејќи на оваа трка тој најдолго се задржа на лидерската позиција откако премина во новата екипа.

Маверик Вињалес заврши на четвртото место откако во последните неколку круга од трката успеа да го претекне тимскиот колега Валентино Роси. Италијанецот имаше импресивна трка и покрај тоа што пред само три недели ја скрши ногата.

Алеш Еспаргаро го изедначи најдобриот пласман на Aprilia со освоеното шесто место и на крајот заврши пред Андреа Довициозо. Алваро Баутиста беше најдобриот сателитски возач откако трката ја заврши како осми. Јохан Зарко и Пол Еспаргаро ја комплетираа листата на најдобрите десет возачи. Скот Рединг беше најдобриот Британски возач откако го освои четиринаесетото место, Бредли Смит беше деветнаесети, а Сем Ловс на крајот заврши на последната позиција.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: