MotoGP

MotoGP: Ксавиер Симеон го комплетираше составот за 2018 година

Ксавиер Симеон го комплетираше составот за 2018 година откако конечно потврди дека потпишал договор за да му се приклучи на тимот Reale Avintia. 

Следете нè на:

 

Ксавиер Симеон го комплетираше составот за 2018 година откако конечно потврди дека потпишал договор за да му се приклучи на тимот Reale Avintia. 

Ксавиер Симеон го комплетираше составот за 2018 година откако конечно потврди дека потпишал договор за да му се приклучи на тимот Reale Avintia.  Ваквата вест доаѓа по една тешка сезона за Белгиецот во Moto2 шампионатот каде што во моментов се наоѓа во близина на дното на табелата. Сепак, 28 годишниот возач е убеден дека следната сезона работите ќе се променат.

ksavier simeon

„Ова е одлична можност и напорно работев за да ја добијам во текот на годините. Навистина сум среќен што го реализирав мојот сон. Ден по ден, правев се што можам за да стигнам до тука. Се исплатеше трудот кој го вложив заедно со мојот тим и сакам на секого од нив поединечно да им се заблагодарам.“

„Со Ducati ја освоив титулата во Суперсток шампионатот и среќен сум што повторно ќе соработувам со нив. Уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ме поддржуваа и кои веруваа во мене.“

Личниот спонзор Фреди Тачнеј, кој е извршен директор на „Zelos“, и човекот кој е најзаслужен за овој договор на Симеон, вели дека е одлично да се види Белгиски возач како дел од премиерната класа.

„Пред пет години го основав „Zelos“ само со една амбиција: да се осигурам дека нашите белгиски натпреварувачи ќе можат да го достигнат врвот во својата дисциплина. Одамна немаме видено возач од Белгија да настапува во MotoGP. Денеска сум особено горд поради тоа. Нашата земја има потенцијал да успее кога постојат можности за тоа.“

„Секако дека не беше лесно но успеавме да ги убедиме нашите партнери да ни се приклучат. Со нивна помош оваа можност стана реалност. Сакам на секого од нив поединечно да им се заблагодарам, а особено на Раул Ромеро, директорот на Reale Avintia Racing. Пресреќен сум поради ова двегодишно партнерство. Ксавиер ја има нашата доверба и се надевам дека ќе го совлада овој предизвик. “

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

Стурџис, мал град во Јужна Дакота, САД, е место за кое најверојатно немате слушнато освен ако не го следите релито “Sturgis Motorcycle”.

Кои возачи можат да му се спротистават на Марк Маркез на трката која овој викенд се вози во Арагон.

Авантуристичките модели во моментов се едни од најпродаваните мотоцикли во светот. Но дали ги знаете најчестите грешки кои ги прават возачите на вакви мотоцикли? Еве како да ги избегнете.

КТМ одлучи веднаш да го замени Јохан Зарко.

Мото клубот Вардар слави 41 година од своето формирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.