Викендов на патеката Захсенринг се вози деветтата рунда од вкупно 18 во МотоГП шампионатот.

По три неделната пауза се е подготвено за деветтата рунда од МотоГП шампионатот. Патеката Захсенринг во Германија ќе биде домаќин на следното возбудување, а нашиот тим ќе биде присутен на патеката за да ви донесе ексклузивни материјали од нај престижното светско мото натпреварување!

motogp sachsenring moto2 moto3 2016

Патеката со должина од 3,7 километри е изградена во 1996 година, откако претходните трки (кои датираат од 1920-те) се возеле на јавни патишта кои биле затворени за време на трките. На почетокот патеката се користела за тестирања, а првото Гранд При на оваа патека се возело во 1998 година. Во 2001 се направени промени на структурата на патеката, па така сега таа е составена од 13 свиоци, 10 леви и 3 десни. Тесните свиоци ја прават една од најбавните во шампионатот со правец од само 700 метри, сепак акцијата на Захсенринг никогаш не изостанува.

Минатата година на победничкиот пиедестал највисоко се искачи Марк Маркез, на втората позиција заврши Дани Педроса, а трет беше Валентино Роси. Оваа година сигурно ќе има промени во распоредот со оглед на формата на Педроса. Не очекува возбудлива трка иако сме на половина од шампионатот, водечкиот во генералниот пласман Марк Маркез има 145 поени, на втората позиција се наоѓа Хорхе Лоренцо со 121, а трет е Валентино Роси со 103 поени.

Back To Top