„На крај, најдобриот компромис  е она што го имав вчера“- Марк Маркез

Лидерот во MotoGP, Марк Маркез, помина голем дел од тренингот кој се оддржа после трката во Брно обидувајќи се да го подобри излегувањето од свиок.

Но за жал, она што го доби возачот на Repsol Honda предизвика загуби во други области. На крај, тој заклучи дека „најдобриот компромис е она што го имав вчера.“

Марк Маркез

Шпанецот, кој имаше трето најдобро време на тестот и беше веднаш зад возачите на Yamaha, изјави:

„Се обидовме да направиме подобрувања, но во суштина не постигнавме ништо. Но сепак е во ред. Се обидовме и дознавме некои нови работи.“

„Особено се концентриравме да дознаеме како да се справиме кога се крева тркалото.Како да го подобриме тоа. Направивме некои модификации и се подобривме, но потоа загубивме многу на друг дел од патеката.“

„На крај, најдобриот компромис е она што го имав вчера.“

„Потоа се обидовме и со новата задна вилушка и имаше некои позитивни работи, како на пример при излегувањето од свиок и при забрзувањето. Целиот тест го фокусиравме на тој дел.“

Развојните пневматици на Michelin за 2017 година исто така беа достапни на тестот. Исто како и возачите на Yamaha, и Маркез беше импресиониран од променетиот дизајн.

„Тестиравме неколку нови предни пневматици на Michelin и еден беше особено добар. Останатите беа слични како оние со кои настапуваме оваа сезона,“ изјави Маркез.

„Искрено, со гумата која ја имаме сега се чувствувам многу добро и мислам дека можам многу да притиснам. Со новата ја подобривме стабилноста на средина на свиокот.“

„Во Honda, многу повеќе ја притискаме предната гума во споредба со останатите мотоцикли. Задоволен сум со гумата што ја  имаме сега, но се чини дека Michelin секогаш сака нешто подобро.“

Во пресрет на следната трка која ќе се оддржи на 4ти септември во Велика Британија, Маркез, кој заврши на третото место на трката која се оддржа во неделата, има предност од 53 бодови пред Валентино Роси.

Back To Top